Слепи кучиња

(Пренасочено од Spalacidae)
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Слепи кучиња
Период: Ран миоцен - денес
Мал бамбусов стаорец, Cannomys badius.
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Натсемејство: Muroidea
Семејство: Spalacidae
Gray, 1821
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Потсемејства

Spalacinae
Myospalacinae
Rhizomyinae

Слепите кучиња (латински: Spalacidae) образуваат семејство на глодачи која обединува ријачки цицачи адаптирани кон подземен начин на живеење: слепото куче, бамбусовиот стаорец и цокорите. Ова семејство, заедно со Platacanthomyidae, претставува една од најстарите гранки на подредот Muridae. До неодамна, овие глодачи припаѓаа на различни семејства: Spalacidae, Rhizomyinae и потсемејството на цокори од семејството на хрчаци. Меѓутоа, скорешните генетски истражувања открија дека овие групи се монофилетски.

Општи одлики

уреди

Во семејството има ријачки или полуријачки глодачи за кои е карактеристично крупното брановидно тело, недоразвиените очни јаболки и ушни школки, ниското и густо крзно и кратките екстремитети. Опашката е кратка (долга колку половина од телото). Черепот има широка клиновидна форма, а мускулатурата на вратот е силна. За повеќето видови (освен цокорите, кои ријат со помош на предните екстремитети) се карактеристични широки испапчени секачи. Големината на телото варира од белозабото мало слепо куче (Nannospalax leucodon), чија должина изнесува 13 cm, а тежи околу 100 g, до џиновскиот бамбусов стаорец, кој при должина на телото од 48 cm тежи до 4 кг. Кај некои видови (африкански бамбусови стаорци) мажјаците се поголеми од женките; кај другите половиот диморфизам не е изразен.

Начин на живеење

уреди

Слепите кучиња се распространети во Стариот Свет. Во Европа тие се среќаваат од југоисточна Европа до Африка, на запад до Либија, а на југ до северна Танзанија; во Азија достигнуваат од Блискиот Исток и Мала Азија до островот Суматра. Два вида на слепи кучиња — џиновското и обичното се среќаваат на територијата на Русија.

Поголем дел од својот живот овие глодачи го минуваат под земјата, градејќи сложени системи на тунели со гнездови комори, складишта и тоалети. Почвата ја раскопуваат пред сè со секачите (слепото куче и бамбусовиот стаорец) или со предните екстремитети (цокорите). За риење, овие глодачи ги претполагаат влажните ровки почви, при што избегнуваат сушни станишта; на планините се среќаваат до 4000 m надморска височина. Ова се солитарни територијални животни кои ги заштитуваат своите гнездилишта и посед. Активни се во текот на целата година; дневната активност зависи од видот. Повеќето видови заседнуваат во своето место на живеење, додека други скитаат во потрага по храна. Се хранат најмногу со подземните делови на растенијата: корења, луковици и ризоми. Зелените делови на растенијата, плодовите, семињата, но и инсектите и другите безрбет ги користат помалку. Многу видови се штетници на земјоделските култури.

Систематика

уреди
 
Обично слепо куче, Spalax microphthalmus.

Африканските бамбусови стаорци понекогаш се вбројуваат во одделно потсемејство — Tachyoryctinae.

Природозаштитен статус

уреди

Од 36 видови во семејството, 7 се внесени во Црвената список на Меѓунардоното здружение за заштитна на природата како загрозени:

Извор

уреди