Сонливци

(Пренасочено од Gliridae)
Сонливци (полвови)
Период: Ран еоцен - денес
Muscardinus avellanarius.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Подред: Sciuromorpha
Семејство: Gliridae
Muirhead in Brewster, 1819
Потсемејства и родови

Graphiurinae

Leithiinae

Glirinae

Сонливците или полвовите (научно: семејство Gliridae или Myoxidae) образуваат група на цицачи од редот на глодачите.

Морфолошки одлики

уреди

Сонливците се мали до средно големи глодачи кои наликуваат на глувци (копнените форми) или верверици (формите кои живеат на дрвја). Телесната должина е од 8 до 20 cm. Опашката обично е нешто пократка од телото (4–17 cm); кај повеќето сонливци таа густо обрасната со крзно, додека кај селевинијата (Selevinia betpakdalaensis) и глувчевидниот сонливец (Myomimus) таа е полугола. Очите и ушите се добро развиени, последните се округли, без четкичка на краевите. Нозете се релативно кратки. На предните нозе има 4 прсти, додека на задните 5. I палец од задните екстремитети понекогаш нема канџи, додека на останатите екстремитети канџите се добро развиени: тие се кратки, но многу остри. Влакната се густи и меки, но ниски. Обоеноста е монотона, од сива до окер-кафеава. Млечни жлезди од 4 до 6 пара. Заби 16 или 20.

Екологија

уреди

Повеќето сонливци се шумски животни, со ноќен начин на живот (исклучок се неколку жители на влажните тропски шуми). Претполагаат широколисни и мешани шуми. Се наоѓаат исто така и во шумостепата; на планините се наоѓаат до 3500 m надморска височина. Повеќето видови се типични лазачи по дрвја. Некои сонливци не се спуштаат на земја, а други водат главно копнен начин на живот. Засолништата на сонливците се претставени со дупки, гнезда во грмушките, под корењата на дрвјата или под паднати трупци од дрвја. Се исхрануваат со лешници, плодови и семиња, но јадат и инсекти, јајца и мали птици, а повремено и други глодачи. Селевинијата се исхранува главно со безрбет. Во умерената зона сонливците хибернираат во ладниот период, сон кој трае околу 6 месеци. Поради оваа особина го добиле своето име. Бременоста им трае 21-28 дена. Во природни услови тие живеат од 2 до 5,5 години.

Во некои предели сонливците можат да бидат штетници на земјоделските посеви. Кожите од големите сонливци се собираат како второстепени крзна.

Систематика

уреди
 
Graphiurus sp.
 
Dryomys nitedula.

Поголемиот дел од сонливците го населуваат Палеарктикот, од Северна Африка, Европа и Мала Азија до Алтај, северозападна Кина и Јапонија. Во Европа достигнуваат до јужна Скандинавија. Видовите од родот Graphiurus изолирано се среќаваат во потсахарска Африка.

Семејството брои 28 видови, распоредени во 9 родови:

Фосилите на сонливци во Европа датираат од средината на еоцен. Во Африка се појавуваат од горниот миоцен, а уште подоцна - во Азија.

Надворешни врски

уреди