Глигорие Гоговски
македонски политичар и стопанственик
(Пренасочено од Глигорие Гогоски)
Глигорие Гоговски (6 јули 1943 во Тетово — 5 јуни 2022 во Тетово)[1] — македонски стопанственик и политичар. Бил последниот претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ во периодот 1986 - 1991.[2] Во 1989 година бил кандидат за член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.
Глигорие Гоговски | ||
Роден | 1943 Тетово |
---|
Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Бил генерален директор на волнарскиот комбинат „Тетекс“ од Тетово.
Наводи
уреди- ↑ „Почина Глигорие Гоговски, последниот социјалистички премиер на Македонија“. 360 степени. Посетено на 2022-06-20.
- ↑ „Македонски влади, 60 години“, Скопје, 2005, 69-70 стр.
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, 2009, 369 стр.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |