Гисен (округ)
Гисен (герм. Gießen) — округ во средишниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Марбург-Биденкопф, Фогелсберг, Ветерау и Лана-Дил.
Gießen | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Hessen | |
Адм. подр. | Гисен | |
Седиште | Гисен | |
Површина | ||
• Вкупна | 854,66 км2 (32,999 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 278.664 | |
• Густина | 3,3/км2 (8,4/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | GI | |
Мреж. место | http://www.lkgi.de |
Историја
уредиВо 1821 г. војводството Хесен-Дармштат извршило преуредување на административните единици. На подрачјето на денешниот округ биле создадени окрузите Гисен и Гринберг. Во 1822 е создаден уште еден округ, Хунген. Во 1832 г. овие целини се заменети со поголеми единици, кои претставувале окрузи во денешна смисла, но сепак биле задржани двата округа (Гисен и Гринберг). Во 1837 неколку општини биле префрлени од Гринберг во Гисен, а Гинберг пак добил извесни општини од Хунген, кој повторно го добил статусот на округ во 1841.
По востанијата од 1848, окрузите се распуштени и заменети со административниот округ Гисен, но вратени по само четири години. Повојната во 1866, северозападниот дел на округот влегол во состав на Прусија. Во 1874 округот повторно се проширил.
Во 1938, округот го изгубил градот Гисен, но добил други општини.
По две мали измени во 1967 и 1971, во 1977 бил споен со окрузите Вецлар и Дил, образувајќи го Лана-Дил. Во 1979 е извршена повторна поделба, создавајќи го округот Гисен.
Географија
уредиГлавна река во округот е Лана, која минува низ него во правецот север-југ.
Населени места
уредиНас. места | Општини |
---|---|
Наводи
уреди- ↑ „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Гисен (округ)“ на Ризницата ? |
- Гисен - окружен портал (германски)