Лана-Дил
Лана-Дил (герм. Lahn-Dill-Kreis) — округ во западниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Зиген-Витгенштајн, Марбург-Биденкопф, Гисен, Ветерау, Горен Таунус, Лимбург-Вајлбург и Вестервалд.
Лана-Дил | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Хесен | ||
Адм. подр. | Гисен | ||
Седиште | Вецлар | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.066,51 км2 (41,178 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 253.373 | ||
• Густина | 2,4/км2 (6,2/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | LDK (пред 1991: L) | ||
Мреж. место | http://www.lahn-dill-kreis.de |
ИсторијаУреди
Во 1977, округот Гисен е споен со окрузите Вецлар и Дил, сочинувајќи го новиот округ Лана-Дил. Подоцна е утврдено дека округот е преголем, па затоа во 1979 Гисен отпаднал и повторно станал самостоен округ.
ГеографијаУреди
Најважни реки во округот се Лана и Дил, според кои е наречен. Теренот е планински, со Вестервалд на запад, Таунус на југ, Ланско-дилскиот ридски крај на исток и Ротаргебирге (во Зауерланд) на север. Највисоката точка (671 м) се наоѓа близу Ритерсхаузен (дел од Дицхелцтал), а најниската (135 м) — во долината на Лана во Бискирхен (дел од гратчето Лојн).
Населени местаУреди
Нас. места | Општини | |
---|---|---|
НаводиУреди
- ↑ „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2021. (германски)
Надворешни врскиУреди
„Лана-Дил“ на Ризницата ? |
- Лана-Дил - окружен портал (германски)
- Мрежна заедница на Лана-Дил Архивирано на 29 септември 2007 г. (германски)