Георги Икономов
македонски фармацевт
Георги Икономов (роден во 16 јануари 1911 година во Скопје - починал на 26 април 1995 година во Скопје) — македонски фармацевт.[1]
Георги Икономов | ||
Роден | 16 јануари 1911 Скопје, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 26 април 1995 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | фармацевт |
Животопис уреди
Дипломирал фармација во Загреб, работел во Кичево и во Скопје. Член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив во Скопје, кој од 1941 г., прогресивно ориентиран, се залага за сопствен систем за организација на аптекарската служба, како и за набавка на санитетески материјал и лекови за доставување до партизанските единици и изработка на експлозивен материјал. Посебна заслуга има за напредокот на фармацевтската фабрика „Алкалоид” со отворањето на нови одделенија за производство на фармацевтски препарати.
Наводи уреди
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Железаров“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 540. Text "series " ignored (help)