Георге Замфир
Георге Замфир (романски: Gheorghe Zamfir; роден на 6 април 1941 година) ― романски свирач на панова флејта.
Георге Замфир | |
---|---|
Замфир во 2008 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Георге Замфир |
Познат(а) и како | Мајсторот на панова флејта |
Роден(а) | 6 април 1941 Гаешти, Романија |
Жанрови | Романска народна музика Инструментална музика Класична музика |
Занимања | Музичар, текстописец, професор по музика |
Инструменти | Панова флејта |
Период на активност | 1960–денес |
Издавачи | Philips, Mercury |
Мреж. место | gheorghezamfir.ro |
Замфир е познат по тоа што свири на проширена верзија на обичната романска панова флејта на 22, 25, 28 или дури 30 цевки. Познат е како „Мајсторот на панова флејта“.[1] [2]
Живот и кариера
уредиРоден на 6 април 1941 година во градот Гаешти, Романија. Прво сакал да стане хармоникаш, но на 14-годишна возраст почнал да свири на флејта. Дипломирал на Музичката академија во Букурешт.
Замфир станал познат во Западна Европа благодарение на швајцарскиот етномузиколог Марсел Селиер, кој ја истражувал романската народна музика во 1960-тите.[3] Во 1972 година за прв пат придонел во филмска музика за филмот Le grand blond avec une chaussure noire.[4] Замфир продолжил да настапува како солист во филмски саундтракови од композиторите Френсис Лаи, Енио Мориконе и многу други. На телевизиските рекламни пораки бил рекламиран како „Замфир, мајсторот на панова флејта“.
Во 1966 година, Замфир бил назначен за диригент на „Ciocîrlia Orchestra“, еден од најпрестижните државни ансамбли во Романија, наменет за концертни турнеи во странство. Во 1969 година ја напуштил Ciocîrlia и основал свој тараф (мала група), а во 1970 година го склучил првиот долгорочен договор во Париз. Во 1977 година, тој ја снимил „The Lonely Shepherd“ дело компонирано од Џејмс Ласт.
По речиси еднодецениско отсуство, Замфир се вратил во Канада во јануари 2006 година на турнеја во седум градови со квинтетот Traffic Strings.[5] Програмата вклучувала светска премиера на „Четири годишни времиња“ од Вивалди за панова флејта и гудачки квинтет во аранжман на Лусијан Морару, џез-стандарди и добро познати фаворити.
Во 2012 година, настапил на свеченото отворање на 11-та конференција на страните на Рамсарската конвенција во Палатата на парламентот во Букурешт. [6]
Замфир ја отсвирил „Тивка ноќ“ на отворањето на Концертот на Натале (Божиќниот концерт) на 15 декември 2018 година во ватиканката аула на Јован Павле II.
Музика за филм
уредиНеговото прво појавување како солист во филмски саундтрак бил во филмот од Владимир Косма Високиот русокос човек со еден црн чевел (Le grand blond avec une chaussure noire) од 1972 година, чија саундтрак станал светски хит.
Придонел и за саундтракот на австралискиот филм од 1975 година „Пикник кај Хенгинг Рок“. Неговите други филмски партитури вклучуваат La guerre du pétrole n'aura pas lieu (1975) и мароканскиот филм Bodas de Sangre (1977).
Енио Мориконе го замолил да ги изведе парчињата "Childhood Memories" („Спомени од детството“) и „Cockeye's Song“ за саундтракот на филмот од Серџо Леоне од 1984 година „Беше еднаш во Америка“. Неговата изведба може да се слушне и во филмот „Карате кид“ од 1984 година, и во неговите продолженија.
Едно од најпознатите дела на Замфир е „The Lonely Shepherd“ (Осамениот овчар), кое го компонирал Џејмс Ласт и го снимил со оркестарот на Џејмс Ласт, а првпат било објавено на албумот на Ласт од 1977 година, Russland Erinnerungen (Сеќавања на Русија); било издадено и како сингл. „Осамениот овчар“ била искористена како тема за австралиската минисерија „Златно впивање“ од 1979 година. Била прикажана и во филмот на Квентин Тарантино од 2003 година, Kill Bill: Volume 1 и во краткиот филм од Николас Грасо, Doina.
Неговата песна „Frunzuliță Lemn Adus Cântec De Nuntă“ („Свадбена песна со зелени лисја“) се појавува во филмот од 1991 година „Како да беше вчера“ од Студио Гибли.
Библиографија
уреди- Traité Du Naï Roumain: méthode de flûte de pan [Treatise on Romanian Nai: Pan Flute Method] (француски). Paris: Chappell S.A. 1975. ISBN 88-8291-286-8. (книга со инструкции)
- Binecuvântare şi blestem [Blessing and Curse] (романски). Arad: Mirador. 2000. ISBN 973-9284-56-6. (автобиографија)
Наводи
уреди- ↑ „Gheorghe Zamfir“. music.apple.com. Apple Music. Посетено на 2021-05-12.
- ↑ „Who is Gheorghe Zamfir, and what has he contributed to music?“. Enotes.com. Архивирано од изворникот на September 19, 2007. Посетено на 1 October 2019.
- ↑ Larkin, Colin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 1291. ISBN 1-85227-745-9.
- ↑ „The Tall Blond Man with One Black Shoe (1972)“. IMDB. Архивирано од изворникот на May 14, 2020. Посетено на May 14, 2020.
- ↑ „Traffic Strings - SonArt Artist Management & Records“. Sonart.ro. Посетено на 1 October 2019.
- ↑ „IISD RS @ Ramsar COP11, Bucharest, Romania: Highlights for July 6“. Enb.iisd.org. Посетено на 1 October 2019.
Надворешни врски
уреди- Official site
- Zamfir — AllMusic (англиски)
- Георге Замфир на Семрежната филмска база на податоци (англиски)