Палата на парламентот
Палатата на парламентот (романски:Palatul Parlamentului) е зграда во Букурешт во која се наоѓа парламентот на Романија. По Пентагон, овој објект е најголемата административна зграда во светот. Била изградена во времето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску во 1984 година.
Палатата на парламентот Palatul Parlamentului | |
---|---|
Палатата на парламентот | |
Општи податоци | |
Стил | Комбинација од многу архитектурни стилови |
Град | Букурешт |
Земја | Романија |
Почната | 25 јуни 1983 |
Технички податоци | |
Големина | 270 м должина, 240 м ширина, 86 м височина и 92 м внатрешно под земјата. 1,100 соби |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Анка Петреску |
Во почетокот била нарекувана Дом на републиката. За нејзиното конструирање биле задолжени околу 700 архитекти и 20 000 работници. Се проценува дека градбата на палатата чинела околу 3,3 милијарди долари. По падот на комунизмот се сметало дека и самата зграда треба да биде разрушена, но во крајна сметка новата демократска власт отстапила од тоа.
До ден денес, зградата сѐ уште не е довршена целосно. Таа е со димензии од: 270 м должина, 240 м ширина, 86 м височина и 92 м внатрешно под земјата. Најголемиот ходник е долг 150 метри, а најголемата сала зафаќа површина од 2 200 м2.
Надворешни врски
уреди- Panoramic View - Панорамски погледи на палатата.
- Romanian Chamber of Deputies page about the Palace Архивирано на 7 јули 2012 г.
- brandnew pics of the palace
- Cristina Hanganu-Bresch, People's House - The Building and Rebuilding of Romanian National Consciousness (PDF)
- Photo gallery on the Chamber of Deputies website Архивирано на 4 октомври 2006 г.
- Photo collection Архивирано на 7 септември 2006 г. - numerous photos of various parts of Romania, including an extensive set with the Palace of the Parliament. Captioned in a mix of Japanese and Romanian people.
- The Parliament Palace Time-lapse Архивирано на 28 мај 2009 г.
- The Palace on satellite photo from Google Maps
44°25′39″N 26°5′15″E / 44.42750° СГШ; 26.08750° ИГД
„Палата на парламентот“ на Ризницата ? |