Ебон или Епон (маршалски: Epoon[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 22 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Атолот се наоѓа околу 155 км јужно од Џалуит. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 714 жители. Надморската височина на атолот е 3 метри.

Ебон
Сателитска снимка на атолот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати04°38′00″N 168°43′00″E / 4.63333° СГШ; 168.71667° ИГД / 4.63333; 168.71667
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови22
Површина5,75 км2
Држава
Демографија
Население714 (1998)
Етнички групиМаршалци

Историја

уреди

Ебон бил комерцијален центар за китоловството во 19 век. Во 1884 година атолот бил дел од Германска Нова Гвинеја, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди