Агнец или Јагне Божјо (лат. Agnus Dei) — назив за Исус Христос, кој се споменува во Библијата и се користи во теологијата и христијанската богослужба.

Јагнето Божјо

Јагнето е симбол на Исусовото откупување на луѓето од гревот, кога се жртвувал со своето страдање и смрт на крстот. Се жртвувал како невино јагне, милосрден кон оние што неправедно го мачеле.[1]

Во Стариот завет, пророкот Исаија пророкува дека Исус како кротко јагне ќе го спаси светот: „Го одведоа како јагне на колење; како овца нема пред оние што го стрижат, тој не ја отвори устата своја“ ( Ис 53:7). Во Книгата Излез, Египќаните не им дозволиле на Евреите слободно да го напуштат Египет. Таа ноќ, кога Бог решил да ги избави од Египет, тие ја славеле Пасха. Било наредено секое семејство да жртвува по едно јагне „без мана, едногодишно и машко“ (2. Мој. 12:5) за да го јадат за вечера и со неговата крв да ги попрскаат праговите и надвратникот на куќата. Ова било знак дека ќе бидат поштедени во смртта на египетските првороденчиња. Христијаните го гледаат Исус како „жртвено јагне“, чија крв ги откупи луѓето од гревот.

Јован Крстител при средбата со Исус рекол: „Еве го Јагнето Божјо, кое ги зема гревовите на светот“ (Јован 1:29). Во книгата Откровение, Исус како Агнец ги отвора печатите, со кои е запечатена книгата за судбината на светот (Отк. 5).

Во богослужбата „агнец“ е дел од просфората со четираголен облик и со натпис ИС, ХС, НИ, КА (Исус Христос победува) кој се вади за време на проскомидијата и на светата литургија, по призивот на Светиот Дух, се претвора во тело Христово.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Baričević J., Šabić A. G., Duda B, Turčinović J. i dr: "Snagom Duha", Kršćanska sadašnjost, Zagreb 1999.
  2. Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 5.