Генералот Дела Ровере (филм)

Генералот Дела Ровере (француски: General Della Rovere; италијански: Il Generale Della Rovere) - италијанско-француски филм од 1959 година, во режија на Роберто Роселини, по сценариото на Серџо Амидеи и Диего Фабри. Главните улоги ги играат: Виторио Де Сика, Сандра Мило и Ханес Месемер. Во 1962 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио, а во 1959 година ја освоил наградата „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција.[1]

Содржина

уреди

Емануеле Бардоне (го игра Де Сика) е ситен крадец и измамник кој зема пари од луѓето чии блиски се затворени од нацистите, лажејќи ги дека ќе се заложи кај власта за нивно ослободување. Откако се обидува да измами една млада жена чиј сопруг е веќе стрелан, таа го пријавува во полицијата и тој е уапсен. Меѓутоа, еден германски офицер му предлага да биде ангажиран да го глуми водачот на италијанското движење на отпорот, генералот Дела Ровере, кој претходно е убиен. Така, Емануеле е испратен во затворот во Милано каде треба да стапи во врска со еден член на движењето на отпорот кого лично не го познава. Таму, сите затвореници го прифаќаат со почит и восхит, сметајќи го за херој. Охрабрен од храброста на тековните и поранешните заробеници, Емануеле одбива да соработува и најпосле им се придружува на осудените на смртна казна, иако има можност да се спаси. Пред да биде стрелан, тој го охрабрува другите затвореници и ѝ пишува порака на сопругата на генералот Дела Ровере.[2]

Наводи

уреди