Гао Сјингѓен

кинески писател и драматург

Гао Сјингѓен (роден на 4 јануари 1940, Ганџоу, Источна Кина) — кинески писател, преведувач, драматург, режисер и ликовен уметник, кинески дисидент, еден од најдобрите живи писатели во кинеската литература, добитник на Нобелова награда за литература во 2000 година.[1]

Гао Сјингѓен

Животопис уреди

Основно образование стекнал во училиштата во НР Кина. Во 1962 се здобил со диплома по француски јазик на Катедрата за странски јазици во Пекинг. Времето на Културната револуција (1966 — 1976) го поминал во логор за превоспитување и од тие причини, сè до 1979 година не бил во можност да работи или да патува во странство. Во 1987 година Сјингѓен ја напуштил НР Кина и како дисидентживотот го продолжил во Париз. По масакрот на плоштадот тјенанмен во Пекинг, во 1989 година, тој ја напуштил Комунистичката партија на Кина, а по објавувањето на книката „Бегалци“, во којашто ги опишал овие настани, бил прогласен за персона нон грата од страна на кинеските власти, а неговите дела биле забранети.[1]

Творештво уреди

Интересот за пишувањето кај него го поттикнала неговата мајка која аматерски се занимавала со глума. Во периодот од 1980 до 1987 година објавил раскази, есеи и драми во литературните списанија во Кина. Негови најпознати дела се: „Прелиминарна дискусија за уметноста на модерната литература“(1981), „Врапчето наречено црвен клун“(1982), „Збирка драми“ (1985), „Дивиот човек“ (1985), „Другиот брег“(1986), последната драма што ја објавил во НР Кина „Во потрага по модерната форма на драмското претставување“ (1987), како и „Планина на духот“, „Библија на еден човек“, „Современа техника и националниот карактер на литературата“.
Сјингѓен во своите дела го истакнал значењето на ненатуралистичките трендови во западното драмско творештво, како што се делата на Арто, Брехт, Бекет, Кантор. Иако неговите дела во НР Кина предизвикувале контраверзии и полемики, тој сепак го изградил сопствениот персоналитет и покрај тоа станал еден од најголемите преведувачи на делата од светската литература на кинески јазик.[1]

Награди и признанија уреди

Веста дека е добитник на Нобелова награда предизвикала бурни реакции во Кина, ,меѓу другото, дека Нобеловиот комитет има свои посебни политички критериуми при доделувањето на оваа награда, наместо тоа да го прави исклучиво од книжевни причини или дека Кина досега дала многу светски познати писатели, за кои Нобеловиот комитет знае малку.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010