Галактички групации и јата

Галактички групации и јата — најголеми познати гравитациски сврзани тела кои настанале при создавањето на структурата на космосот.[2] Тие го образуваат најгустиот дел од видливата вселена. Во моделите за гравитациското создавање на структурата од ладната темна материја, првично ќе колабираат најмалите структури и притоа како краен производ се добиваат најголемите структури, галактичките јата. Јатата се создадени во периодот пред 10 билиони години и тој процес продолжува и до денес. Групациите и јатата можат да содржат од десетици до илјадници галаксии. Самите јата честопати се групираат со поголеми, негравитиционо сврзани групи наречени суперјата.

MACS J0152.5-2852 е големо галактичко јато. Скоро секое тело кое се забележува на сликата е глаксија, која е состои од милијарди ѕвезди.[1]

Групи на галаксии

уреди
 
Карта на местоположбите на илијадници галаксии од истражувањата направени од VIPERS.[3]

Групации на галаксии се најмалите единки на јатата. Тие обично не содржат повеќе од 50 галаксии и имаат пречник од 1 до 2 мегапарсеци (мпс). Нивната маса е околу 1013 сончеви маси. Брзината со која се шират поединечно галаксиите е околу 150 км/с. Сепак оваа дефиниција треба да се користи како водич, бидејќи поголемите галактички системи понекогаш се класифицирани како галактички групи.[4] Групациите се најчестите структури на галаксиите во универзумот, сочинувајќи 50% од галаксиите во месниот универзум. Нивната маса може да се движи во рамките на онаа на многу големите елиптични галксии и јата на галаксии.[5]

Нашата галаксија, Млечниот Пат, е дел од Месната Група на галаксии која содржи повеќе од 40 галаксии.[6]

Во јули 2017 г. С. Пол Р.С. Џон и останатите, јасно ги определиле обележјата за сортирање на ‘галактичките групации’ и ‘јата’ врз основа на законите на сразмерноста следени од нивна страна[7]. Според овој труд, овие големосразмерни структури во универзумот со маса помала од 8 × 1013 сончеви маси се означува како Галактичка групација.

Јата на галаксии

уреди
 
Богато расејување од галаксии снимено со ВФИ прикачен на 2,2 метарскиот телескоп МПГ/ЕСО.

Јатата се поголеми од групациите, иако не постои остра граница за разликување. Кога се набљудуваат, јатата се збирови на галаксии кои се држат заедно со помош на заеднички гравитациски привлекувања. Сепак, нивните брзини се премногу големи за да останат гравитициски поврзани преку гравитациското заемодејтво, што пак укажува на присуството на дополнителен невидлив масен дел или пак, дополнителна привлечна сила покрај гравитациската. Рендгенските истражувања покажуваат присуство на меѓуѕвезден гас попознат како внатрејатовна средина (ИКМ). Овој гас е многу жежок, помеѓу 107К и 108К, и соодветно на тоа оддава рендгенски зраци во облик на закочно зрачење и линиска атомска спектрална линија.

 
Галактичкото јато ACO 3341.

Целокупната маса на гасот е двапати поголема од масата на галаксиите. Сепак нема доволно маса за да ги задржи галаксиите во јатото. Бидејќи гасот е во хидростатичка рамнотежа со целокупното гравитациско поле на јатото, може да се определи вкупното распределување на масата. Произлегува дека крајната маса изведена од ова мерење е приближно шест пати поголема од масата на галаксиите или жешкиот гас. Делот кој недостастува е познат како црна материја и нејзината природа е непозната. Во најпросечно јато само 5% од вкупната маса е во облик на галаксии, можеби 10% во облик на жежок рендгенскооддавен гас, а остатокот припаѓа на темната материја. Браунштајн и Мофат[8] со употреба на теоријата за употребиле теорија на прилагодена гравитација за да ги објаснат рендгенските маси во јатото без темна материја. Набљудувањата на галактичкото Куршум се најсилен доказза постоењето на темната материја[9][10][11] сепак, Браунштајн и Мофат[12] покажале дека нивната теорија за прилагодена гравитација може исто така да ги даде својствата на јатото.

Методи за набљудување

уреди
 
Галактичкото јато LCDCS-0829 кое има улога на џиновска лупа. Овој ефект се нарекува гравитациска леќа.

Јатата од галаксии можат да се најдат со испитувања испитувања со бројни набљудувачки техники и се детално проучени со помош на многу методи:

  • Оптичка или инфрацрвена астрономија: Поединечните јата на галаксии можат да бидат проучувани со помош на оптички или инфрацрвени слики и спектроскопија. Галактичките јата можат да бидат пронајдени со оптички или инфрацрвени телескопи преку потрага на зголемени густини, а потоа потврдени со изнаоѓање на неколку галаксии со слично црвено поместување. Инфрацрвената потрага е покорисна за пронаоѓање подалечни (со поизразено црвено поместување) јата.
  • Рендгенска: Жешката плазма оддава рендгенски зраци кои можат да бидат забележани со рендгенски телескопи. Гасото во јатото може да биде проучуван со помош на рендгенски слики или рендгенска спектроскопија. Јатата лесно се истакнуваат во рендгенските испитувања и заедно со (АГЈ) се најсветлите оддавачи на рендгенско зрачење.
  • Радио: голем број на дифузни структури кои оддаваат радиофреквенции се пронајдени во јатата. Групи на радиоизвори (кои можат да бидат дифузни структури или АГЈ) се употребувани како трагачи на местоположбата на јатото. При големо црвено поместување сликањето околу поединечните радиоизвори (во овој случај АГЈ) се употребуваат за да се пронајдат протојатата (јата кои се во процес на создавање).
  • Сунјаев-Зелдовичов ефект: жешките електрони во мегујатовната средина го расејуваат зрачењето од позадинското микробраново зрачење со помош на реципрочно Комптоново расејување. На овој начин се добива „сенка“ во позадинското микробраново зрачење на определени радиофреквенции.
  • Гравитациска леќа: јатата на галаксиите содржат доволно материја за да ги нарушат местоположбите на галаксиите зад нив. Набљудуваните нарушувања можат да искористат како модел за распределување на темната материја во јатото.

Температура и густина

уреди
 
Најдалечното старо галактичко јато[13] снимено со Многу големиот телескоп на ЕСО во Чиле и со НАОЈ Субару на Хаваите

Јатата на галаксии се најновите и најмасивните објекти кои настанале во хиерархиското структурно создавање на универзумот и проучувањето на јатата ни објаснува како галаксиите се создаваат и развиваат. Јатата имаат две важни својства: нивните маси се доволно големи за да го задржат кој било енергетски гас исфрлен од соседните галаксии и топлинката енергија во рамките на јатото е забележлива во ренденгскиот дел на спектарот. Набљудуваната состојба на гасот во рамките на јатото е утврдена со помош на комбинирање на нагло загревање за време на прирастот, зрачното ладење и топлинската повратна реакција предизивикана од тоа ладење. Густината, температурата и подструктурата на внатрејатовниот рендгенски гас ја претставува целата топлинска историја на создавањето на јатоот. За подобро да се разбере оваа топлинска историја треба да се проучи ентропијата на гасот, од причина што ентропијата е величината која најдиректно се менува од зголемувањето или намалувањето на топлинската енергија на внатрејатовниот гас.[14]

Список на групации и јата

уреди
Име / Ознака Забелешки
Месна Група Групата во која е Млечниот Пат и Земјата
Девица Најблиското јато до нас

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „A scattering of spiral and elliptical galaxies“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 25 September 2013.
  2. Voit, G.M.; "Tracing cosmic evolution with clusters of galaxies"; Reviews of Modern Physics, vol. 77, Issue 1, pp. 207-258
  3. „Huge Map of the Distant Universe Reaches Halfway Point“. ESO. Посетено на 2 April 2013.
  4. UTK Physics Dept. „Groups of Galaxies“. University of Tennessee, Knoville. Посетено на September 27, 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. Muñoz, R. P.; и др. (11 December 2012). „Dynamical analysis of strong-lensing galaxy groups at intermediate redshift“. Astronomy & Astrophysics (објав. April 2013). 552: 18. arXiv:1212.2624. Bibcode:2013A&A...552A..80M. doi:10.1051/0004-6361/201118513. A80.
  6. Mike Irwin. „The Local Group“. Архивирано од изворникот на 2019-06-19. Посетено на 2009-11-07.
  7. S. Paul, R. S. John, P. Gupta, H. Kumar. „Understanding 'galaxy groups' as a unique structure in the universe“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Посетено на 15 June 2017. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Brownstein, J. R.; Moffat, J. W. (2006). „Galaxy Cluster Masses Without Non-Baryonic Dark Matter“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 367 (2): 527–540. arXiv:astro-ph/0507222. Bibcode:2006MNRAS.367..527B. doi:10.1111/j.1365-2966.2006.09996.x.
  9. Markevitch; Gonzalez; Clowe; Vikhlinin; David; Forman; Jones; Murray; Tucker (2003). „Direct constraints on the dark matter self-interaction cross-section from the merging galaxy cluster 1E0657-56“. Astrophys. J. 606 (2): 819–824. arXiv:astro-ph/0309303. Bibcode:2004ApJ...606..819M. doi:10.1086/383178.
  10. Coe, Dan; Benítez, Narciso; Broadhurst, Tom; Moustakas, Leonidas A.; Benítez; Broadhurst; Moustakas (2010). „A High-resolution Mass Map of Galaxy Cluster Substructure: LensPerfect Analysis of A1689“. The Astrophysical Journal. 723 (2): 1678. arXiv:1005.0398. Bibcode:2010ApJ...723.1678C. doi:10.1088/0004-637X/723/2/1678.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. McDermott, Samuel D.; Yu, Hai-Bo; Zurek, Kathryn M.; Yu; Zurek (2011). „Turning off the lights: How dark is dark matter?“. Physical Review D. 83 (6): 063509. arXiv:1011.2907. Bibcode:2011PhRvD..83f3509M. doi:10.1103/PhysRevD.83.063509.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. Brownstein, J. R.; Moffat, J. W. (2007). „The Bullet Cluster 1E0657-558 evidence shows Modified Gravity in the absence of Dark Matter“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 382: 29–47. arXiv:astro-ph/0702146v3. Bibcode:2007MNRAS.382...29B. doi:10.1111/j.1365-2966.2007.12275.x.
  13. „The Most Distant Mature Galaxy Cluster“. ESO Science Release. ESO. Посетено на 9 March 2011.
  14. Galaxies. Wikimedia Foundation. стр. 55.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди