ГФК Вардар Неготино

ГФК Вардар Неготино — градски македонски фудбалски клуб од Неготино, Македонија, кој моментално настапува во Втората македонска фудбалска лига. Клубот е формиран во 1933 година, а основан неколку години подоцна во 1938 година. Клупските бои на Вардар Неготино се црната и белата. Клубот игра на градскиот стадион во Неготино, Цвај Арена.

ГФК Вардар Неготино
Вардар Неготино лого
Целосно имеГрадски Фудбалски клуб Вардар Неготино
Основан1938; пред 86 години (1938)
СтадионЦвај Арена
(Капацитет: 1,500)
ПретседателСашко Крстев
ТренерГоран Тодорчев
ЛигаВтора Македонска Фудбалска лига
2023–246 место
Домашни бои
Гостински бои

Историја

уреди

Вардар Неготино низ историјата

уреди

Првиот фудбалски клуб во Неготино бил СД Тиквеш[1] кој што бил формиран во 1928 година, чиј прв претседател бил Пане Апостолов. Вториот фудбалски клуб е Вардар Неготино кој е и еден од најстарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1933 година од страна на млади земјоделци, занаетчии и работници. Првиот натпревар на СД Тиквеш бил одигран во месец јуни против ФК Победа од Кавадарци во 1931 год каде што победил СД Тиквеш со резултат 2:1.

За потребите на двата клуба од Неготино биле изградени две игралишта. Игралиштето на СД Тиквеш било на местото каде што денес се наоѓа фабриката Јадран, додека игралиштето на СД Вардар бил на локацијата на денешна „Електродистрибуција“. Во 1942 година ФК Васил Левски од Софија формирал клуб во Неготино. СД Тиквеш после војната се преименувал во ФК Манчо Малиминов, за да во 1952 година го добие денешното име Вардар Неготино.

Пред да стане член на Македонската лига, Вардар Неготино имал играно во Штипскиот потсојуз, за првпат во сезоната 1951/53 година освојуваќи го шестото место. Најголем успех во натпреварите на Штипскиот потсојуз, каде играле Брегалница, Беласица, Осогово, Борец, Малеш, Вардар Неготино го има постигнато во 1959/60 година пласирајќи се на второто место. Во Македонската лига, во друштво со најдобрите клубови од нашата држава Вардар Неготино почнал да членува во 1961/62 година кога на крајот на сезоната бил деветти на ранг листата. Најголем успех Вардар Неготино имал постигнато 1977/78 кога бил петти во Македонската лига. Вардар Неготино на двапати се пласирал на шестото место во 1968/69 година и 1976/77. Во своите настапи во Македонската лига, Вардар Неготино на трипати морал да ја напушти лигата: 1970/71 и 1974/75 кога се пласирал на 16-то место, а последен пат испаднал во 1981/82 година кога бил последен на табелата. Клубот имал одиграно повеќе пријателски натпревари со екипите на Динамо Дрезден, Германија, Црвена Звезда и Партизан од Србија, Младост од Бугарија. Најголема победа ФК Вардар Неготино имал над Железничар од Богомила со резултат 12:1, додека најголем пораз имал доживеано од Пелистер од Битола со резултат од 11:1. Вардар повеќе не се вратил во друштвото на најдобрите клубови во Македонија, играл во Меѓурегионалната лига-исток, една од двете практично Втори лиги на Македонија, по трансформации во фудбалски натпреварувања во Македонија, последниве години играл во Третата лига-југ.

Вардар сега

уреди

Вардар во сезоната 2021/2022 година бил првак во Трета лига-југ каде што се борел за влез во единствената втора лига, но по загубата од баражната утакмица против екипата на ФК Караорман, Вардар Неготино останал во третата лига-југ понатаму да се бори за влез во втората лига.

Следната сезона, 2022/2023 година Вардар Неготино исто така бил првак во Трета-лига југ. Најдобар стрелец во третата лига југ за сезоната 2022/23 бил фудбалерот Петар Ристовски со 24 постигнати голови во 21 натпревар. По неколкугодишна пауза Вардар Неготино се врати во Втората лига на Македонија со одиграниот бараж кој што се одржа во Кичево во мај 2023 година и со победата против екипата на Новаци, Вардар се промовираше во единствената Втора Македонска Фудбалска лига каде што оваа година со одличната стратегија на тренерите и со талентираните фудбалери покажа одличен резултат и заврши на 6тото место од вкупно 16 кои се натпреваруваат во оваа лига.

Раководство на клубот

уреди

Вардар Неготино е предводен од 5 души кои што го сочинуваат Управниот одбор на клубот. Управниот одбор е составен од Претседател, Потпретседател, Спортски директор и членови на управниот одбор. Претседател на клубот е Сашко Крстев - бивш фудбалер, репрезентативец на Македонија и неприкосновен талент. Претседателот на Вардар Неготино, Крстев ја започнал својата кариера токму во ФК Вардар Неготино на 14 годишна возраст. Потпретседател на клубот е Александар Петков, спортски директор е Бојан Илиев, секретар и Комет Администратор е Дејан Андов, а членови на управниот одбор се Крсте Поповски и Мите Ристов.

Тренер на стручниот штаб е Горан Тодорчев, помошен тренер е Миланчо Мојсов, а тренер на голманите е Александар Митрев - Санто.

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Стефан Тасев
2   СР Петар Најдов
3   ОД Марко Стојчески
4   ОД Ристе Лембовски
5   ОД Дарко Ѓорѓев
6   ОД Сумер Хасан
7   НП Аделин Ќазимов
8   НП Сунај Хасан
9   НП Флорент Османи
10   СР Кирил Неделков
11   СР Оливер Тодоров
12   ГМ Филип Слободановски
Бр. Позиција Играч
13   ОД Матеј Јордановски
14   НП Димитар Јанкулов
15   СР Дарко Мојсовски
16   ОД Блаже Ставров
17   СР Ѓорѓи Шишков
18   СР Петар Ристовски
19   ОД Никола Павлески
20   СР Борче Димовски
21   СР Ники Зумровски
22   СР Мартин Нејковски
25   ГМ Јане Колев
  ОД Јован Смиљковски

Навивачи

уреди

Навивачите на ГФК Вардар Неготино се нарекуваат Винари[2]. Во 1992 година се појавиле неколку луѓе кои гледајќи дека на градот со голем спортски дух и традиција му е потребно создавање на навивачка група која ќе ги подржува (бодри) спортските клубови во општина Неготино, ја оформиле навивачката група, наречена ВИНАРИ.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мицковиќ, Миодраг (2006). „Утрински весник број. 1871“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 2024-05-24.
  2. „Винари Неготино“.

Надворешни врски

уреди