Викторија Елизабет (В.Е.) Шваб (родена на 7 јули 1987 година) е американска писателка. Позната е по романот „Порочен“, серијалот „Нијанси на магија“ од 2013 година и „Невидливиот живот на Ади Лару“, кој бил номиниран за наградата „Локус“ во 2020 година за најдобар роман за фантазија.[1] Авторката објавува книги за деца и млади под името Викторија Шваб. Шваб исто така е креатор [2] на натприродната тинејџерска драма серија Прво убиство, заснована на нејзиниот расказ со исто име.

В. Е. Шваб
Роден/аВикторија Елизабет Шваб
7 јули 1987(1987-07-07)(37 г.)
Калифорнија
ЗанимањеАвтор
НационалностСАД
Период2010–до денес
ЖанрФантазија, научна фантастика, книги за млади
Значајни делаНевидливиот Живот на Ади Лару
мрежно место
veschwab.com

Младост и образование

уреди

Шваб е родена на 7 јули 1987 година во Калифорнија и израснала во Нешвил, Тенеси. Шваб посетувала подготвително училиште за девојчиња.[3] Дипломирала на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во 2009 година. Таа првично планирала да студира астрофизика, но ги променила насоките откако посетувала курсеви за уметност и литература. Својот прв роман (необјавен) го завршила во втората година од студирањето,[4] а својот деби роман, Блиската вештерка, го продала на Дизни пред да дипломира.[5]

Кариера

уреди
 
Шваб на Комиконот на Феникс во 2017 година

Дебитантскиот роман на Шваб, Блиската вештерка, бил објавен од Дизни во 2011 година.[5]

Личен живот

уреди

Шваб пораснала во Нешвил, Тенеси и живеела во Сент Луис, Бруклин, Ливерпул и Единбург. Таа се декларирала како геј на 28 години.[5]

Библиографија

уреди

Како Викторија Шваб

уреди

Серијалот „Темниот трезор“

уреди
  • Архивираниот (2013)
  • Неврзаниот (2014)
  • Остави го прозорецот отворен (2015) (расказ)
  • Вратените

Серијалот „Секојдневен Ангел“.

уреди
  • Нови почетоци (2014)
  • Втори шанси (2014)
  • Последни желби (2014)

Серијалот „Чудовиштата од Верити

уреди
  • Оваа дива песна (2016)
  • Нашиот мрачен дует (2017)

Серијалот на Кесиди Блејк

уреди
  • Град на духови (2018)
  • Тунел од коски (2019)
  • Мост на душите (2021)

Самостојни дела

уреди
  • Spirit Animals: Fall of the Beasts - Broken Ground (2015)
  • Затоа што сакаш да ме мразиш: 13 Приказни за негативци (2017) (писател со придонес)
  • (Не) викај ме луд (2018) (писател што придонесува)

Како В.Е. Шваб

уреди

Серијал Негативци

уреди
  • Загревање (2013) (расказ)
  • Порочен (2013)
  • Одмазднички (2018)
  • Победнички (TBD)

Графички романи Негативци

уреди
  • Извонредни (2021)

Серијалот Нијанси на магија

уреди
  • Потемна сенка на магија (2015)
  • Собир на сенки (2016)
  • Повикувајќи ја светлината (2017)[6]

Серијалот Нишки на моќта (спин од на Нијанси на магија)

уреди
  • Кревките нишки на моќта (2023)

Серијалот Блиска вештерка

уреди
  • Момчето родено во пепел (2012) (новела)
  • Блиската вештерка (2011)

Самостојни дела

уреди

Награди

уреди
  • Победник Гудридс 2018 - Најдобра научна фантастика за Одмаздлив [8]
  • Добитник Гудридс 2022 - Најдобра фантазија и научна фантастика за млади за Галантно[9]

Наводи

уреди
  1. locusmag (2020-06-27). „2020 Locus Awards Winners“. Locus Online (англиски). Посетено на 2021-06-19.
  2. „FAQs“. V.E. SCHWAB. Архивирано од изворникот на 6 August 2022. Посетено на 6 August 2022.
  3. admin (2019-03-31). „Episode 22: Victoria/V. E. Schwab“. The Worldshapers (англиски). Посетено на 2022-06-01.
  4. Rhea, Ryan (2021-06-21). „Author V. E. Schwab adds some magic to everyday life“. The Source (англиски). Посетено на 2021-06-23.
  5. 5,0 5,1 5,2 Charaipotra, Sona (August 8, 2020). „The Book of V.E. Schwab's Heart“. Publishers Weekly (англиски). Посетено на 2021-06-24.
  6. A Conjuring of Light is the Third Book in V.E. Schwab's Darker Shade of Magic Series“. Tor.com. April 20, 2016.
  7. „Gallant“.
  8. „Goodreads Choice - Best Science Fiction“. Goodreads. Посетено на December 9, 2022.
  9. „Goodreads Choice - Best Young Adult Fantasy & Science Fiction“. Goodreads. Посетено на December 9, 2022.

Надворешни врски

уреди