Невидливиот живот на Ади ЛаРу
Невидливиот живот на Ади ЛаРу е роман од жанрот фантазија на американската авторка В.Е. Шваб. Објавен е на 6 октомври 2020 година.[1] Приказната следи една млада Французинка во 1714 година која склучува зделка со Темнината што ја прави бесмртна, но ја проколнува да биде заборавена од сите што ќе ги сретне. Поманот бил широко пофален и номиниран за наградата Локус за 2021 година за најдобар роман за фантазија.[2]
Автор | В. Е. Шваб |
---|---|
Јазик | Англиски |
Жанр | Фантазија роман |
Издавач | Tor Books |
Издадена | 6 октомври, 2020 |
Страници | 448 |
ISBN | 978-0765387561 |
813/.6 23 |
Заплет
уредиПриказната не носи помеѓу наративот во денешен Њујорк и ретроспективите почнувајќи од детството на Ади во Франција до нејзините искуства од патувањето низ светот и сведочењето на големи историски настани.
Романот започнува во раните 1700-ти, следејќи ја Ади како млада жена оптоварена со принуден брак и се моли на боговите за својата слобода. Случајно го привлекува вниманието на богот на ноќта, кој подоцна ќе го нарече Лук, кој и го ветува целото време што ќе го посака со предупредување дека никој никогаш нема да ја памети. Со текот на времето таа суптилно влијае на многу луѓе, оставајќи траги во историјата и инспирирајќи песни и уметност.
Прием
уредиНевидливиот живот на Ади ЛаРу бил на листата на најпродавани на Њујорк Тајмс 37 последователни недели до јули 2021 година.[3]
Кејтлин Паксон од НПР го пофалила романот, особено вниманието на уметноста: „нејзините седум препознатливи пеги... таа се обидела да се втисне во умот на уметникот... минливи впечатоци на заборавен бесмртен. Заедно, тие ни даваат огромно чувство на итност при што го разбираме копнежот на Ади да биде запаметена на таков конкретен и висцерален начин“.[4]
Киркус ривју го означил романот како „волшебна приказна“ која ќе ги натера читателите да „останат цела ноќ читајќи - богата и задоволувачка, чудна и беспрекорно изработена“.[5] Елен Мортон од Вашингтон поуст го нарече „tour de force“, пофалувајќи го моментумот, контемплативната приказна и истражувањето на идентитетот.[6]
Меган Калстром од Слејт го забележала внимателното внимание дадено на деталите, завршувајќи ја својата рецензија: „Слично како седумте пеги што го посипуваат лицето на Ади, ние создаваме свои соѕвездија и додека живееме низ овие затемнети денови, се чувствувам посветло затоа што ја додадов Ади на мојата“.[7]
Филмска адаптација
уредиВо ноември 2021 година, било објавено дека се планира филмска адаптација на романот. Се вели дека Шваб ги напишала раните нацрти на сценариото пред да го предаде на дуото Августин Фризел и Дејвид Ловери; при што првиот исто така планирал да го режира филмот. Алан Сигел, Даниел Робинсон, Џерард Батлер, како и Шваб дејствуваат како продуценти на проектот.[8][9]
Наводи
уреди- ↑ „See the starry cover for V.E. Schwab's 'The Invisible Life of Addie LaRue'“. EW.com (англиски). Посетено на June 19, 2021.
- ↑ locusmag (June 26, 2021). „2021 Locus Awards Winners“. Locus Online (англиски). Посетено на December 12, 2022.
- ↑ „Hardcover Fiction Books - Best Sellers - Books - June 20, 2021 - The New York Times“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на June 19, 2021.
- ↑ „'Addie LaRue' Is Invisible — But Memorable“. NPR.org (англиски). Посетено на June 19, 2021.
- ↑ THE INVISIBLE LIFE OF ADDIE LARUE | Kirkus Reviews (англиски).
- ↑ Morton, Ellen. „Addie LaRue review“. The Washington Post.
- ↑ Kallstrom, Megan (October 6, 2020). „In The Invisible Life of Addie LaRue, Isolation Is a Curse. Literally“. Slate Magazine (англиски). Посетено на June 19, 2021.
- ↑ Rubin, Rebecca (October 1, 2020). „V.E. Schwab's Novel 'Invisible Life of Addie LaRue' Getting Film Adaptation at eOne (EXCLUSIVE)“. Variety (англиски). Посетено на June 19, 2021.
- ↑ „Augustine Frizzell to Direct 'The Invisible Life of Addie LaRue' Film Adaptation for eOne (EXCLUSIVE)“. Variety.