Втор кичевски народноослободителен одред

Втор кичевски народноослободителен одред ― формиран од борци на Кичевско-мавровскиот НОПО во Кичево на 16 јуни, 1943 година.[1]

Втор кичевски народноослободителен одред
Активна16 јуни 1943 - 23 септември 1943
БиткиНОБ

Акции на одредот

уреди

Одредот вршел диверзантски акции, обезбедување на селата од нападите на балистите и од качачките банди, а во своите активности работел на формирањето на НОО во Кичевско, Гостиварско и во други места каде што дејствувал. Во текот на јули и август истата година, одредот извршил повеќе акции во селата во Кичевско, како и на железничката линија Кичево-Струга, патниот правец Кичево-Дебар и Кичево-Пресека. Во септември, во содејство со првиот кичевски народноослободителен одред, извршил повеќе акции, а на 11 септември учествувал во ослободувањето на Кичево. Учествувал во разоружувањето на делови од италијанската војска во реонот на Кичевско, а на 23 септември влегол во составот на Кичевскиот баталјон.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 118. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)