Врчва (Долни Балван)
„Врчва“
| |
Местоположба | 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Балван |
Општина | Карбинци |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Врчва — археолошко наоѓалиште во штипското село Долни Балван, Општина Карбинци. Претставува населба од доцноантичко време.
Во подножјето на северниот крај на сртот Ежов Рид, од неговата источна страна има простор од околу 5-6 хектара, малку поткренат и со широк поглед кон полето и селото. Речиси целиот е прекриен со расфрлени парчиња од тули, тегули и керамички садови работени на колце, со сива боја украсувани со орнаменти изведени со печати, кои се исфрлени на површината со перманентните земјоделски работи. Уште во педесеттите години селаните откопале две стебла од столбови, два коринтски капитела и база, сите изработени од зелен песочник, кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Населбата лежи 2 км североисточно од селото, во нивата на ЗИК „Црвена ѕвезда“, некогаш сопственост на семејството Кокошкарови.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 433. ISBN 9989-649-28-6.