Востание на Константин и Фружин

Востанието на Константин и Фружин избувнало во 1408 година. Неговата цел била ослободување на христијаните од Османлиското Царство. Се смета дека востанието целосно било задушено во 1413 година. Денеска постојат многу малку податоци околу текот на востанието, па главно поради ова, востанието продолжува да биде предмет на дискусии меѓу историчарите.

Востание на Константин и Фружин
Дел од Отомански интеррегнум
Датум 1408-1403
Место територија од Поморавие до Добруџа[се бара извор]
Исход османлиска победа
Завојувани страни
Бугарски востаници Османлиско Царство
Команданти и водачи
Сулејман Челебија Константин II Асен
Фружин
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

На почетокот од 15 век, победничките воени походи на Османлиите биле накратко прекинати. Во 1402 година силите на Бајазит I биле поразени од Монголците во Битката кај Ангора, денешна Анкара. Во таа битка бил заробен и самиот султан, каде подоцна бил убиен. Во следните години настапиле меѓусебни војни околу наследникот на престолот, кое дополнително довело до слабеење на империјата. Владетелите на Србија, Влашка и Унгарија склучиле сојуз. Во таа унија се приклучил и Константин Асен II, син на бугарскиот цар Јован Страцимир и неговиот роднина кнезот Фружин кој пак бил син на Иван Шишман. Така, искористувајќи ги слабостите во империјата, тие во 1408 година дигнале востание. Според некои податоци, Константин Асен II управувал до 1422 година.

Востанието многу брзо се проширило во северозападна Бугарија и Темска. Двајцата водачи биле поддржани од српскиот кнез Стефан Лазаревиќ и влашкиот војвода Мирчо Стариот. По тешки борби востанието било задушено од бројните турски сили под команда на Сулејман. Константин и Фружин успеале да побегнат. Константин се засолнил во Србија а Фружин во Унгарија.