Ворен Грифин III (роден 10 ноември, 1970 во Лонг Бич, Калифорнија, САД) попознат како Ворен Џи (Warren G), e американски рапер од Западниот Брег и продуцент на хип-хоп. Негов најголем хит беше синглот „Регулејт“ (Regulate) со Нејт Дог (Nate Dogg) објавен во 1994. Како и повеќето дела на Ворен Џи, синглот беше во стилот на џи-фанк. Тој е полубрат на успешниот музички продуцент Доктор Дре (Dr. Dre).

Ворен Грифин III
Warren G
Животописни податоци
Познат(а) и какоG-Child
G-Dub
Роден(а)10 ноември 1970
ПотеклоЛонг Бич, САД
Жанровихип-хоп
Занимањадиџеј
продуцент
Инструментискреч
Период на активност1991-
ИздавачиViolator Management
Def Jam Recordings
Restless Records
Universal Records
G-Funk Entertainment
Hawino Records
Соработници213
Доктор Дре
Снуп Дог
Нејт Дог
Мреж. местоhawino.com/artists/warren_g

Музичка кариера

уреди

Во 1992 година, Ворен Џи ја оформил групата „213“, заедно со Нејт Дог и Снуп Дог. Ворен Џи ја претставил групата на својот полубрат Доктор Дре. Импресионираниот Доктор Дре веднаш го врбувал Снуп Дог да работи за „Дет роу рекордс“, компанијата што ја водел со Шуг Најт. Со тоа, „213“ се распаднала без да објави ниту една песна, а трите уметници започнале поединечни кариери. Иако „Дет роу рекордс“ не потпишала со Ворен Џи, неговата кариера започнала со прилози за албумот на Доктор Дре „Д Кроник“ (The Chronic) објавен во 1992. Ворен Џи се редовно појавувал и на други албуми на оваа компанија.

Во 1993 година Ворен Џи ја продуцирал песната „Индо смоук“ (Indo Smoke) на која биле претставени тој, Нејт Дог и Миста Грим.

Деби-албумот на Ворен Џи, “Регулејт... Џи фанк ера“ (Regulate... G Funk Era) бил објавен во 1994 преку „Деф џем“ (Def Jam) и се прославил со хитот „Регулејт“ (Regulate) во кој е искористен семпл на филмот на Мајкл Мекдоналд (Michael McDonald) „Ај кип форгетин“ (I Keep Forgettin'). Песната „Дис ди-џеј“ (This D.J.) била популарен хит на МТВ.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди

Соло

уреди

Групни

уреди

Надворешни врски

уреди