Вопер
Вопер (англиски: Whopper) — хамбургер, главен производ на американскиот ланец за брза храна Бургер кинг. Првпат воведен во 1957 г., рецептот на воперот е сменет неколкупати. Заедно со бигмекот на Мекдоналдс, воперот е еден од најпознатите хамбургери во индустријата за брза храна. Бургер кинг продава неколку варијанти на вопери, различни по големина, тежина и содржина на калории, како и посебни разновидности за да одговараат на месните кулинарски или верски традиции.
„Вопер“ во дијалектна употреба може да значи и „вампир“.[1][2]
Опис
уредиСтандардниот вопер е хамбургер со 113,4 грама (¼ американска фунта) говедско месо на скара, леб со сусам, мајонез, марула, сечкани домати и кисели краставички, кечап и сечкан кромид. Дополнителни изборни состојки вклучуваат крем-сирење, сланина, сенф и пиперка халапењо. Во некои земји се достапни и BBQ-сосови, салса и гвакамоле. Покрај тоа, на барање на гостинот, Бургер кинг на воперот му додава кој било од зачините што се продаваат во овој ресторан.[3]
Наводи
уреди- ↑ „вопер“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „вопер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Burger King“. www.burgerking.co.uk (англиски). Посетено на 2024-05-17.
Надворешни врски
уреди„Вопер“ на Ризницата ? |
- Bradford, Levi (17 May 2017). „Gainesville, it turns out, is the actual 'home of the Whopper'“. The Gainesville Sun. Gainesville, Florida. Посетено на 5 December 2018.