Поморски Залив
Поморски Залив (полски: Zatoka Pomorska; германски: Pommersche Bucht; кашупски: Pòmòrskô Hôwinga) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, на бреговите на Полска и Германија.
На југ е одделен од Шчеќинскиот Залив со устието на реката Одра со островите Узедом/Узнам и Волин, поврзан со три премини или ракави на Одра: Ѓивна, Швина и Пене. Северна граница е линијата од ’ртот Аркона на германскиот остров Риген со светилникот Госки на исток од Колобжег во Полска.
Максимална длабочина е 20 метри, а соленоста е околу 8 ‰. Поморскиот Залив е пресечен од подлабок канал од пристаништето во Шчеќин, преку реката Одра, Шчеќинскиот Залив и Швина, со цел да им се овозможи да влезат и поголеми бродови во пристаништата во Швиноујшќе и Шчеќин.
Пристанишни места
уредиНајважни пристанишни места во заливот се следниве:
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Поморски Залив“ на Ризницата ? |
- Туристичка страница за Западното Поморје (полски) (англиски) (германски)
- Полска туристичка страница за Западното Поморје Архивирано на 1 јуни 2020 г. (полски) (англиски) (германски)
- Германска туристичка страница за Поморјето (полски) (англиски) (германски) (шведски)