Волеајскиот е микронезиски јазик кој се зборува на островот Волеај во сојузната држава Чук во Микронезија. Волеајскиот е дел од групата на тручки јазици и е сличен со сатавалскиот јазик. Јазикот е составен од два дијалекта: волеајски и ламотречки. Јазикот го зборуваат околу 1.700 жители.[1] Јазикот денес се пишува на латиница, но има и свое писмо наречено волеајско слоговно писмо.

Волеајски јазик
Застапен во СД Микронезија
ПодрачјеВолеај
Говорници(1,630 во 1987 г.)
Јазично семејство
Писмолатиница, порано волеајско слоговно писмо
Статус
Службен во СД Микронезија
Јазични кодови
ISO 639-3woe

Фонологија

уреди
Согласки

Во јазикот има геминација, односно удвојување на согласки со цел добивање на подолги согласки.

Согласки
кратки согласки b [ɸʷ] p f t s l sh [ʃ] r g [x]
геминативни еквиваленти bb [pːʷ] pp ff tt ss nn [nː] ch [tʃ] k [kː]
носни mw [mʷ] m n ng [ŋ]
полусамогласки w y [j]

Согласките sh и r стануваат ch кога се долги, а l станува nn.

Самогласки

Самогласките имаат долга и кратка форма, освен дифтонзите eo и oa, кои имаат само долги форми.

Самогласки
i iu [y] u
e eo [øː] o
a oa [ɑː]

Наводи

уреди
  • Sohn, H.M. 1975. Woleaian Reference Grammar. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-0356-6

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди