Опел Тигра

(Пренасочено од Воксхал Тигра)

Опел Тигра (германски: Opel Tigra) — автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел, кој се произведувал во периодот од 1994 до 2001 година и од 2004 до 2009 година. Првата и втората генерација се засновале на Опел Корса, произведувани во Шпанија и Франција.

Опел Тигра
ПроизведувачОпел (Џенерал Моторс)
Познат и какоВоксхал Тигра
Производство1994–2001
2004–2009
Класаспортски автомобил

Тигра била продавана во Обединетото Кралство како Воксхал Тигра, во Австралија како Холден Тигра, во Бразил, Аргентина и Мексико како „Шевролет Тигра“.

Тигра A (1994–2001)

уреди
Тигра A
 
Познат и какоШевролет Тигра
Воксхал Тигра
Opel/Воксхал Тигра GTi
Производство1994–2001
СклопувањеШпанија: Сарагоса
Вид каросерија2-врати купе
ПлатформаПлатформа GM4200
Пренос
  • 4-брзини - автоматско
  • 5-брзини - рачно
Меѓуоскино раст.2,429 mм (95.6 ин)
Должина3,922 mм (154.4 ин)
Ширина1,604 mм (63.1 ин)
Висина1,340 mм (52.8 ин)
Нетоварена тежина980–1,075 kg (2,161–2,370 lb)
СродниОпел Корса B

Првата тигра се засновала на купе-концепт на автомобил со исто име што за првпат била прикажана на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1993 година, заедно со отворениот концепт на Roadster и Scamp off roader. Премиерата на Тигра во Велика Британија се случила во октомври 1993 година, на London Motorfair[1].

Тигра е изградена на платформата на втората генерација на Опел Корса. Производството на возилото било претставено во почетокот на 1994 година, а моделите биле произведувани во фабриката на Опел во Сарагоса во Шпанија. Производството започнало во септември 1994 година.

Тигра немала панели за каросерија со Корса на која се засновала, а распоредот на ентериерот бил различен, но најголемите делови на моторот биле скоро исти. Тигра исто така вклучувала и варијанта на 2+2 патници. Поради стилското купе и компактните димензии на автомобилот, просторот на задното седиште било ограничено[2].

„Тигра“ била достапен со две опции за бензински мотори: 1.4 Л со 90 КС (66 kW) и поголема спортска верзија, напојувана од моторот 1.6 Л со 106 КС (78 kW).

Помалиот мотор бил достапен со опционален автоматски менувач со четири брзини. 1.6L моделот дошол со предни светла за магла како стандардна верзија, одлика недостапна за верзијата 1.4L. Автоматска опција за 1.4 била додадена во февруари 1995 година.

Суспензијата во суштина била непроменета од моделот на Корса, иако поставувањето било направено од Лотус. Сепак, автомобилот имал дополнителна тежина, со 150 кг над еквивалентните модели како Корса. Забрзувањето на моделот 1,6 L било 10,5 секунди, една секунда побавно од Корса GSi. Повисока максимална брзина од 203 км на час била добиена благодарение на повисоките стапки на брзини и понизок коефициент на влечење.

Автомобилот бил увезуван од ГМ и се продавал како „Шевролет Тигра“ во Бразил и Мексико, и како „Воксхал Тигра“ во Велика Британија. Бразилскиот Шевролет Тигра бил увезен само за неколку месеци, помеѓу крајот на 1998 до почетокот на 1999 година.

Производството завршило во јули 2001 година, со последниот продажен број ширум светот од 256.392. Во Германија, од 1994 до 2001 година, биле продадени 59.462 модели на автомобилот.

Тигра ТвинТоп B (2004–2009)

уреди
Тигра ТвинТоп B
 
Познат и какоВоксхал Тигра ТвинТоп
Холден Тигра
Производство2004–2009
СклопувањеФранција: Серизе[3]
Вид каросерија2-врати - кабриолет
ПлатформаПлатформа GM Gamma
Мотор
Пренос5-брзини - рачно
5-брзини - полуавтоматско
Меѓуоскино раст.2,491 mм (98.1 ин)
Должина3,921 mм (154.4 ин)
Ширина1,685 mм (66.3 ин)
Висина1,364 mм (53.7 ин)
Нетоварена тежина1,235–1,278 kg (2,723–2,818 lb)
СродниОпел Комбо C
Опел Мерива A
Опел Корса C

После отсуство од три години, Опел ја воскреснал „Тигра“ во јуни 2004 година. Моделот преттавува нов спортски автомобил заснован на третата генерација Опел Корса[4]. Тигра ТвинТоп, како што се нарекувала на маркетите на Опел, поседувал две седишта (кабриолет).

Тој за првпат бил претставен на Саемот за автомобили во Женева во март 2004 година, а се произведувал во Серизе, Франција од страна на Heuliez.

Продажбата започнала во октомври 2004 година.

Како и неговиот претходник, Тигра била достапна со два бензински мотори. Основниот модел го користел моторот 1,4 Л со 90 КС (66 kW), од Family 0, додека најголемиот мотор поседувал Ecotec 1.8 L од Корса GSi, со 125 КС (92 kW). Економската верзија, која користела дизел мотор Multijet 1.3 на Фиат, била воведена во 2005 година.

Втората генерација била продавана во Австралија како XC серија на Холден Тигра, само со моторот 1,8 Л.

Производството завршило во мај 2009 година, со конечен број на производство од 90.874 единици.

Наводи

уреди
  1. „Motor Show 1993: Small cars are rapidly becoming big business: Efficient production boosts choice, writes Martin Derrick“. www.independent.co.uk. 19 October 1993. Посетено на 11 October 2017.
  2. „Last stand: Before [the Ford] Puma there was Tigra...“. Car Magazine. February 2001. стр. 210.
  3. „Opel. Opel In France“. Car-cat.com. Архивирано од изворникот на 2010-09-25. Посетено на 2010-07-19.
  4. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2019-09-30.

Надворешни врски

уреди
 
 
   Ризницата има содржини поврзани со: