Воено знаме на Загоричани

Военото знаме на Загоричани ― главното воено знаме користено од страна на четите во Македонската Револуционерна Организација во селото Загоричани, Кукушко во време на Илинденското востание. Беше зашиено во август 2-ри кога Костурско беше ослободено од револуционери при Илинденското востание. После задушувањето на востанието некој членови од Илиденската организација со потекло од Загоричани го донирале знамето во македонскиот културен дом во Софија. Но при втората светска војна беше изгубена, денешната локација на знамето не е познато.

Слика од военото знаме користено при Илиденското востание, во музеј во Софија, Објавено во Илустрација Илиден, 1929.[1] Според бугарската историографија лавот е црвен и позадината е зелена.

Историја

уреди

Военото знаме на Загоричани беше прв пат веено во време на Илинденското востание,[2] го сошила Маслина Гранчарова.[3] Ја користела селската чета на чело со Никола Марковски[4] за време на Илинденското востание, а негов знаменосец бил најпрвин Георги Поп Христов од Куманичево, а по неговата смрт Иван Калгатронов. Андон Шалев емигрирал во Софија и го зачувал знамето. После тоа беше изгубено знамето. Местото на знамето уште не е познато но некој историчари од Бугарија којшто го содржиле во нивниот архив сметале дека знамето беше изгорено, при втората светска војна, сметаат дека во 1941 беше вратено назад во Загоричани но после изгорено од грчката држава во 1948. До одредено ниво е оспорено авторот на знамето, според голем број на мемоарски литератури се смета Маслина Грнчарова-Иванова како авторката, но според истражувањето на македонскиот историчар Ѓорѓе Миљковиќ тој смета дека авторката е Олга Христова-Шатова.[5] Но ниту двете страни не се сигурни заради недостатоци во мемоарска литература од двете страни, како примерок во дел од мемоарите и писмата од Маслина Грнчарова таа не го спомнува везењето на знамето, туку дека го везело знамето на четите во Д'мбени.

Карактеристики

уреди
 
Реконструкција на военото знаме според Бугарската историографија.

Карактеристиките и дизајнот на знамето се делумно оспорени помеѓу македонски историчари и историчари од Бугарија.[6] Во Историографијата на Бугарија се смета дека знамето е составено од македонскиот лав со црвена боја и вид на темно-зелена позадина.[7] Во Македонската историографија се смета дека македонскиот лав кој што беше во делата Христофор Жефаровиќ беше главниот симбол со црна боја и темно-црвена позадина.[8] На знамето лавот е во исправена положба, држи сабја во десната и пушка во левата шепа, а има и круна на главата. Над него, со буквите кои биле во употреба, пишува „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“ тоа беше Слобода или Смрт користејќи ја старата Илинденска азбука, а под него „20 юли, 1903, ЗАГОРИЧЕНИ“ во предов е 20 Јули, Загоричани. Покрај нив во четирите агли биле пришиени фигури на бела полумесечина.[9]

Наводи

уреди
  1. Илюстрация Илинден, Издание на Илинденската огранизация, София, година II, ст. 1
  2. Institut za nacionalna istorija (Skopje, Macedonia) (1990). Гласник на Институтот за национална историја, Томови 34 - 39. Институт. стр. 31.
  3. Црнушанов, Коста. Ролята на българката в македонското освободително движение // Македонски преглед 3. 1995. с. 115 – 148.
  4. Христосков, Радослав. Още веднъж за знамената на Костурския революционен район на ВМОРО. Минало XXX (4). „Юруков“ - ЕООД, 2023. с. 53.
  5. Миљковиќ, Ѓорѓе (2003). Илинденските знамиња и печати (PDF). Скопје: Тенора. стр. 30.
  6. Знаме на Загоричани (2009) од Македонски Документи
  7. Български бойни знамена и флагове - Иван Иванов
  8. Македонскиот лав во Македонската борба (18-20 век) (2014) од MarPedia
  9. Илинденското знаме од Загоричани (2014) од Македонска Нација