Влатко Груевски (р. 17 јули 1994 во Прилеп) — македонски оперски пејач, тенор.[1]

Влатко Груевски
Роден 17 јули 1994(1994-07-17)(29 г.)
Прилеп, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање оперски пејач

Животопис уреди

Груевски е роден во Прилеп, во семејство на трговци. До 14 години живеел во Крушево, каде го завршил основното образование во ОУ „Никола Карев“.

Се заљубил во музиката уште како мал, па почнал да свири на пијано кај музичарот Христо Христоски-Мулар. Како негов ученик настапил на детскиот влашки фестивал „Примувеара“ во Скопје.

Во 2008 година започнал да посетува часови по пеење, теорија на музика, хармонија и пијано кај професорката Магдалена Митревска-Наумоска во Битола, а следната година се запишал во државното музичко училиште во истиот град на отсекот соло пеење.

Во 2010 година посетувал часови по пеење, како и сценска поставеност, кај примадоната во Македонската опера и балет, алтот Милка Ефтимова. Следната година ги продолжил часовите кај сопранот Славица Петровска-Галиќ.

Во 2013 го завршил средното образование со солистички концерт во Битола, во класата на професорката Маја Митровска. Истата година се запишал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Славица Петровска-Галиќ. Груевски дипломирал во 2018 година на отсекот класична музика и оперски студии.[2] Следната година успешно ги завршил и магистерските студии кај истата професорка.

Има изведено мноштво солистички концерти и настапи. На многу од тие настапи соработува со пијанистот и диригент Андреја Наунов.[3]

Моментално е вработен како хорски пејач во Македонска опера и балет, а е член и на црковниот професионален хор во храмот „Пресвета Богородица“ во Скопје.

Наводи уреди

  1. „Оперскиот пејач Груевски ќе ја пее македонската химна во Крушево - Pressing TV“. pressingtv.mk. Посетено на 2020-04-15.
  2. „Концерт на Влатко Груевски - тенор во Струга“. Struga Online. 9 август 2018. Посетено на 15 април 2020.
  3. „На 15 ти јули солистички концерт на Влатко Груевски во Охрид • WebOhrid“. WebOhrid (англиски). 2019-06-29. Посетено на 2020-04-15.