ОУ „Никола Карев“ - Крушево

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Крушево; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Крушево.[1]

Никола Карев

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Крушево
Наречено по: Никола Карев
Нас. место: Крушево
Адреса: ул. „Шула Мина“ бр. 6а, Крушево
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1944; пред 80 години (1944)
Директор: Оливера Чавкаровска
Број на ученици: 630
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Мреж. место oounikolakarevkrusevo.edu.mk/
Е-пошта nkarev_krusevo@hotmail.com
Телефон 048 476 558

Училиштето е именувано по револуционерот Никола Карев.

Историја уреди

ООУ “Никола Карев” својата дејност ја започнало во 1944 година. Во почетокот функционирало како четиригодишно училиште под името “Кирил и Методиј”, а од 1956 година било споено со нижата гимназија „Никола Карев”, кога основното училиште го добило денешното име.

Според член 7 од Статутот на ООУ „Никола Карев”, Општинското основно училиште „Никола Карев“ било преобликувано со акт на Собранието на Општина Крушево на 1 септември 1966 година, а е верифицирано со Решение на МОН бр. 10-1248/3 од 27 јуни 1994 година.[1]

Настава уреди

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „ЗА НАС – Основно Училиште „Никола Карев" Крушево“. Архивирано од изворникот на 8 декември 2021. Посетено на 8 декември 2021.

Надворешни врски уреди

41°22′8″N 21°15′1″E / 41.36889° СГШ; 21.25028° ИГД / 41.36889; 21.25028