Власто Димков Петковски ( 1920 во Младо Нагоричане, Кумановско21 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 26 август 1944 година стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби. На 20 октомври 1944 година, учествувал во крвавата борба на бригадата кај селото Шишево, Скопско. Бригадата во ноќните часови успешно ја преминала реката Треска, извршил пробив на балистичките позиции и преминувајќи на нејзината лева страна успешно се спротивставил на побројните балисти. Но, под силниот германски артилериски оган, бригадата била принудена да се повлече. Во таа жестока борба, Власто го изгубил својот живот.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 230. На |first= му недостасува |last= (help)