Трета влада на Бранко Црвенковски
(Пренасочено од Влада на Македонија од 2002)
22. влада на Македонија — орган на извршната васт во Република Македонија избрана по парламентарните избори во 2002 година и победата на коалицијата предводена од СДСМ. Премиер на оваа влада е Бранко Црвенковски и таа претставува коалициска влада на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Избрана е на 1 ноември 2002 и ја врши власта до 2 јуни 2004, кога е избрана нова влада, поради тоа што нејзиниот претседател Црвенковски на предвремените претседателски избори во 2004 година е избран за претседател на Република Македонија.
Трета влада на Бранко Црвенковски Црвенковски III | |
---|---|
22. влада на Македонија | |
2002-2004 | |
Црвенковски во 2003 | |
Конституирана | 1 ноември 2002 |
Распуштена | 12 мај 2004 |
Организација | |
Претседател | Борис Трајковски (до февруари 2004) Љупчо Јордановски (по февруари 2004) |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2002 |
Претходен кабинет | Георгиевски |
Следен кабинет | Костов |
Состав на владата
уредиСоставот на Владата во 2002 година е следниот:[1]
- Бранко Црвенковски (СДСМ) - премиер
- Радмила Шекеринска (СДСМ) - вицепремиер задолжен за европски интеграции
- Муса Џафери (ДУИ) - вицепремиер за политички систем
- Владо Бучковски (СДСМ) - министер за одбрана
- Илинка Митрева (СДСМ) - министер за надворешни работи
- Хари Костов (СДСМ) - министер за внатрешни работи
- Петар Гошев (ЛДП) - министер за финансии и вицепремиер
- Илија Филиповски (СДСМ) - министер за економија
- Исмаил Дарлишта (ДУИ) - министер за правда
- Милаим Ајдини (ДУИ) - министер за транспорт и врски
- Реџеп Селмани (ДУИ) - министер за здравство
- Александар Гештаковски (СДСМ) - министер за локална самоуправа
- Јован Манасиевски (ЛДП) - министер за труд и социјална политика
- Азис Положани (ДУИ) - министер за образование и наука
- Славко Петров (ЛДП) - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Благоја Стефановски (СДСМ) - министер за култура
- Љубомир Јанев (СДСМ) - министер за животна средина и просторно планирање
- Владо Поповски (ЛДП) - министер без ресор