Владица Брдаровски

македонски фудбалер

Владица Брдаровскимакедонски фудбалер, роден на 7 февруари 1990 во Битола. Моментално игра во Вардар.

Владица Брдаровски
Брдаровски во 2017 година
Лични податоци
Полно име Владица Брдаровски
Роден на 7 февруари 1990(1990-02-07)(34 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 77
Младинска кариера
Пелистер Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Пелистер Пелистер 28 (0)
2011 Збројовка Брно 3 (0)
2011–2013 Работнички Работнички 53 (0)
2013–2014 Пелистер Пелистер 30 (0)
2015 Ѓер 11 (0)
2015– Вардар Вардар 109 (5)
2020–2021 Дрита 18 (0)
2021– Шкупи 26 (0)
Репрезентација
2010–2012 Македонија до 21 г. 17 (1)
2012–2015 Македонија 8 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 2 април 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2015

Клубска кариера уреди

Владица Брдаровски е роден во Битола во 1990 година. Како младинец настапувал во екипата на Пелистер од Битола. За екипата дебитирал во 2009 година и од 2009 до 2011 година настапил на 28 натпревари. Во 2011 година се преселил во Чешка во екипата на Збројовка Брно, настапувајќи само на 3 натпревари. Истата година се вратил во Македонија, во екипата на Работнички од Скопје. Во периодот од 2011 до 2013 играјќи за екипата на Работнички забележал 30 настапи. Во сезоната 2013/2014 се вратил во матичниот тим Пелистер, настапувајќи на 30 натпревари. Во 2015 година се преселил во Унгарија, во екипата на Ѓер и настапил на 11 натпревари. Истата година се преселил во екипата на Вардар, играјќи за екипата во периодот од 2015 до 2020 година, настапувајќи на 109 лигашки средби со 5 постигнати погодоци. Во сезоната 2017-2018 со екипата на Вардар учествувал во Лига Европа. Во 2020 година се преселил во Косово, каде играл во екипата на Дрита. Таму се задржал само во сезоната 2020/2021, настапувајќи на 18 средби. Во 2021 година се вратил во Македонија, потпишувајќи за екипата на Шкупи.

Репрезентативна кариера уреди

За македонската фудбалска репрезентација дебитирал во 2012 година. Настапувајќи на 7 натпревари.

Надворешни врски уреди