Владислав Фролов
Владислав Јуриевич Фролов (руски:Владислав Юрьевич Фролов) (роден на 24 јули 1980) — руски атлетичар кој се натпреварува во трката на 400m.
Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за Русија | ||
Машка атлетика | ||
Олимписки игри | ||
2008 Пекинг | штафета 4x400m |
На европското првнство одржано во Гетеборг во 2006, во трката на 400m, Фролов со време од 45,09s го освои сребрениот медал.
На европското првенство во сала во 2007, како дел од штафетата на Русија 4х400m, Владислав го освои сребрениот медал, заедно со Иван Бузолин, Максим Дилдин и Артем Сергејенков. Всушност, Русија заврши трета, но поради инцидентот кој го предизвикал германскиот атлетичар Бастијан Свилимс, кој го турнал Артем Срегејенков, германската штеафета била дисквалификувана со што го загубила златниот медал, а руската штафета напредувала до второто место.[1]
Владислав Фролов најголемиот свој успех го постигна со освојувањето на бронзениот медал на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг како дел од штафетата на Русија 4х400m.[2]
Наводи
уреди- ↑ Turner, Chris (4 March 2007). „European lead garners Gardener fourth title - Euro Indoors, Day 3, PM – MEN“. IAAF. Посетено на 2007-03-05.
- ↑ „IOC sanctions four athletes for failing anti-doping tests at Beijing 2008 and London 2012 - Olympic News“. 14 July 2021.