Владимир Стојановски - Лале

Владимир Стојановски - Лале ( 1922 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Владимир Стојановски
Роден 1922 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште и три класа гимназија. Потоа работел во Скопје и Нови Сад како слаткарски работник. Како симпатизер на народноослободителното движење учествувал во организираната борба против окупаторот. Бил член на воспитна група, во која се разработувала марксистичка литература. Дејствувал во редовите на младината за придобивање нови приврзаници за ослободителното движење. Собирал материјална помош за партизаните. Бил учесник и во одделни диверзантски акции. Во септември 1944 година станал борец на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во тешките борби против балистите во Скопска Црна Гора, како и против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Храбро загинал во уличните борби за ослободување на својот роден град - Скопје. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 258. На |first= му недостасува |last= (help)