Владимир Ралев

македонски бизнисмен


Владимир Ралев (Гевгелија, 1934 - Женева, Швајцарија, 1 април 2016) — еден од најголемите македонски стопанственици во светот, филантроп, дарител и македонски патриот. Голем дел од својот работен век Ралев го поминал во многу светски метрополи, а последните негови деловни активност биле на релациите Пакистан, Хонгконг, Женева.[1]

Владимир Ралев
Роден 1934
(Гевгелија,  Кралство Југославија
Починал 1 април 2016
Женева,  Швајцарија
Занимање стопанственик и добротвор

Животопис

уреди

Ралев е роден во 1934 година во Гевгелија, завршил гимназија во Велес, а на Унивeрзитетот во Белград дипломирал историја на уметност и археологија, а потоа завршил и висока школа за трговија. Во 1980 година ја отворил својата прва компанија што се занимава со прозводство, маркетин и менаџмент, а подоцна прераснува во еден од наголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др. Во погоните на неговите компании во Пакистан и во Источна Африка се вработени повеќе од 200 работници, како и соодветен број високостручни кадри. Напоредно со својот деловен ангажман Ралев ја афирмирал Македонија, нејзината историја, положба и правата на Македонците во соседството, како и позицијата на МПЦ - ОА. Владимир Ралев бил и еден од најголемите македонски дарители за Македонците што живеат во соседните земји. Во 2013 година добил Медал за заслуги за Македонија за значајниот придонес за афирмација на Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Швајцарската Конфедерација.[2] Бил и почесен конзул на Македонија во Женева.[3] Бил и носител на титулата Македонски сенатор, награда од највисоко признание што ја доделува Светскиот Македонски Конгрес. Починал во Женева, Швајцарија на 1 април 2016 година.[4]

Наводи

уреди
  1. Интервју со Владимир Ралев[мртва врска]
  2. Одликувања и признанија. Архивирано од изворникот на 2016-04-10. Посетено на 2016-04-03.
  3. СПИСОК НА ПОЧЕСНИ КОНЗУЛИ НА РМ ВО СТРАНСТВО (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-03-08. Посетено на 2016-04-03.
  4. Во Женева почина македонскиот стопанственик Владимир Ралев. Архивирано од изворникот на 2016-04-05. Посетено на 2016-04-03.