Владимир Милчинов
Владимир Милчин(ов) (роден во 1879 во Прилеп - починал во 1939 во Софија) — македонски револуционер, глумец и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонскиот комитет.
Владимир Милчинов | ||
Роден | 1879 Прилеп | |
---|---|---|
Починал | 1939 Софија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец | |
Татко | Христо Милчинов | |
Роднини | Илија Милчин |
Животопис
уредиРоден во Прилеп со татко револуционерот Христо Милчинов. Во 1900 година во Славјанска Беседа, Софија во праизведбата на Македонска крвава свадба ја играл улогата на Осман бег. Тогашните критичари најдобрите зборови ги напишале за Милчин. На гостувањата на претставата во некои помали места, низ Бугарија, као Пловдив, Милчинов толку бил убедлив, во улогата на Осман бег што публиката фрлала по него со столови и му правеле разни инциденти затоа што тој ја грабнал Цвета.
Во Горноџумајското востание е четник во четата на ген. Иван Цончев, а во текот на 1903 година е притворен во затворот во Битола како агент на Македонскиот комитет во Албанија [1]. Умира во Софија, 1939 година [2].
Негови потомци се Илија Милчин и Владимир Милчин [3].
Извори
уреди- ↑ Розалин, Димитър. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904, Спомени от бившия заточеник Георги Т. Ачков, София, 1923 , печ. „Розова долина“, стр. 10.
- ↑ Илюстрация Илинден, бр. 115, стр. 5
- ↑ Тофор Кузманов, Тетарот низ збор и мисла, Маска, 2004