Национална опера на Украина
Националната опера на Украина (украински: Національна опера України) се наоѓа во центарот на Киев. Операта била основана во летото на 1867 година, како трета во Украина, по оние во Одеса и Лавов. Денеска, Киевската опера се вика според украинскиот писател Тарас Шевченко.
Национална опера на Украина | |
---|---|
Украинскиот национален оперски театар. | |
Адреса | ул. Владимирска, 50
|
Град | |
Земја | Украина |
Архитект | Виктор Александрович Шретер |
Капацитет | 1683 [1] |
Отворен | 1901-09-29 |
www.opera.com.ua/ | |
50°26′48″N 30°30′45″E / 50.446667° СГШ; 30.5125° ИГД |
Операта била основана во летото 1867 од страна на Фердинанд Бергер. Бергер успеал да покани многу талентирани пејачи, музичари, и диригенти, а градскиот совет (Дума) му понудил на да го користи Градскиот театар (изграден во 1856 од страна на архитектот И. Штром). Официјално, театрот бил прогласен за Градски театар, но најчесто се нарекувал Руска опера.
Првиот настап се случил на 8 ноември 1867 година. Претставата била за Асколдската могила од Алексеј Верстовски. Првичниот успех се должел на вокалните таленти во тоа време. Во следните претстави се прикажувала и античката историја на Киев, и најмногу биле застапени руските настапи, опери, вклучувајќи ги оние на Руслан и Људмила од Михаил Глинка, Русалка од Александар Даргомиски, европските опери како Свадбата на Фигаро итн.
Во 1896 година, во објектот избувнал голем пожар, уништувајќи голем дек од музичката библиотека, костимите и разни реквизити. По пожарот, Градскиот совет објавил меѓународен конкурс за дизајн на новата зграда за оперскиот театар во Киев. Победил предлогот на Виктор Александрович Шретер. Надворешноста била дизајнирана во стил нео-ренесансна. За внатрешни работи бил користен класичен стил.
Наводи
уреди- ↑ „Ukrainian National Opera and Ballet Theatre of T.H.Shevchenko“ (англиски). Посетено на 25 April 2011.