Вита Кин
Вита Кин (украински: Віта Кін; 25 ноември 1969 година) е украинска дизајнерка, моден дизајнер и фотограф. Автор на везени фустани, основач на истоимениот бренд Вита Кин.[1]
Биографија
уредиВита Кин е родена на 25 ноември 1969 година во Украина.
Повеќе од 10 години искуство во рекламна и модна фотографија. Нејзината работа често може да се види во најдобрите сјајни списанија во Украина.
Историја на создавање на брендот
уредиВита Кин ја стекнала својата слава надвор од Украина благодарение на колекциите на оригинални ленени везени кошули[2], наречени Вишиванка од Вита Кин во 2013 година. Првите колекции станале олицетворение на украинското наследство и биле објавени под мотото Национален Шик. Со текот на времето, Вита Кин се интересирала за културните одлики на другите култури во светот и била инспирирана од нив да создаде нови слики. Бидејќи Вита сакала украси, добила идеја да направи автентични џемпери.
Признанија
уредиВо 2014 година, Вита Кин создала колекција на фустани од кошули кои станале инстант тренд на Инстаграм феномен.
Во 2015 година, на модната недела во Париз, Вита Кин била претставена во списанијата Вог [3] и Харперс Базар за презентирање на везени кошули како современ боемски стил[4], што ги привлекло модните икони како Ана Дело Русо, Мирослава Дума и Леандра Медина.[5]
Истата година, Вол Стрит Журнал ги прогласил вишиванките на Вита Кин за најпопуларни летни фустани за 2015 година.[6]
Фустаните од Вита Кин се видени на познати личности и стилски икони како што се холандската кралица Максима, првите дами на Украина - Марина Порошенко [7] и Елена Зеленска[8], како и Деми Мур[9], Дита фон Тиз [10], Флоренс Велч[11], Ксенија Собчак, Џамала[12] и многу други.
Колекции
уредиВита Кин вели дека црпи инспирација од патувањата, архитектурата и мешавината на култури за да ги создаде своите колекции.
Во пролетта 2018 година, Вита Кин ја претставила заедничка колекција со брендот Ерес.[13]
Во 2019 година, Вита претставила нова колекција. Новите фустани Вита Кин се спој на дизајнерски решенија од различни култури: кројот на моделите е инспириран од етничките носии на жителите на Северна Африка, а колоритните дезени се инспирирани од занаетчиското наследство на народите од Средна Азија[14].
Награди
уреди- Најдобри модни награди во номинацијата: „Пробив на годината“ - 2015 година [15];
- Награди Ел Стајл во номинација: „Дизајнер на годината во Украина“ - 2015 година.
Наводи
уреди- ↑ „Vita Kin, the It label of the summer“. The Telegraph. 2015-07-27.
- ↑ Armstrong, Lisa (2016-09-11). „Vita Kin and the rise and rise of folk fashion“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 2019-03-01.
- ↑ Liana Satenstein (2015-04-28). „Your Favorite Bohemian Garb Is Actually Traditional Ukrainian Costume“. Vogue. Архивирано од изворникот на 2016-12-23. Посетено на 2015-04-28.
- ↑ Tara Lamont-Djite (2015-04-14). „We're Obsessed:Vita Kin Introduces The Perfect Bohemia“. Harper's Bazaar. Посетено на 2015-04-14.
- ↑ „DESIGNERS TO WATCH: Vyshyvankas by Vita Kin – Traditional Ukrainian Chic“. Fashion For Fashionlovers. 2015-05-14. Архивирано од изворникот на 2015-05-29. Посетено на 2015-05-14.
- ↑ „Copycat Shopping for Your Friends' Style: Still Taboo?“. The Wall Street Journal. 2015-07-17.
- ↑ „First Lady of Ukraine Maryna Poroshenko wearing traditional Ukrainian embroidered shirt (VYSHYVANKA BY VITA KIN) on ELLE cover“.
- ↑ „Елена Зеленская рассказала, как открывает миру украинскую моду“. РБК-Украина. 2019-11-18.
- ↑ „Demi Moore wears embroidered dress from Ukrainian designer“. Укринформ. 2017-09-11.
- ↑ „Ukrainian beauty folk fashion Діта Фон Тіз Vyshyvanka by Vita Kin“. 2019-10-19.
- ↑ Toma Istomina (2017-12-22). „6 world fashion icons promote Ukrainian designers in 2017“. Kyiv Post.
- ↑ „Евровидение 2016: Джамала прошлась по Стокгольму в вышиванке“. РБК-Украина (руски). Посетено на 2019-03-01.
- ↑ „Идеальное путешествие: совместная коллекция Eres и Vita Kin“. Vogue UA. 2018-02-03.
- ↑ „Кочевая звезда: интервью с дизайнером Витой Кин“. Vogue UA. 2019-06-28.
- ↑ „Названы победители Best Fashion Awards“. Vogue UA. 2015-09-10.