Вилијам Морис Дејвис

Вилијам Морис Дејвис (12 февруари 1850 - 5 февруари 1934) — американски геолог - пионер во проучувањето на релјефната ерозија и ерозивните циклуси.

Вилијам Морис Дејвис
Роден(а)февруари 12, 1850(1850-02-12)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
Починал(а)февруари 5, 1934(1934-02-05) (возр. 83)
Пасадена, Калифорнија, САД
НационалностСАД
ПолињаГеографија, Геоморфологија, Геологија, Метеорологија[1]
Познат поциклус на ерозија; често нарекуван „татко на американската геологија

Го предвидел циклусот во кој младите релјефи созреваат и стареат, а во секоја етапа имаат својствени земјишни облици. Дејвисовиот модел препознава реки што сечат стрмни долини во облик на латинската буква V, што потоа созреваат и се преобразуваат во широки долини со кривулести реки што се поплавени површини, за на крајот да се преобразат во издолжени „стари“ низински области близу нивото на морето. Во текот на минатите децении се покажало дека реалноста е многу посложена.

Наводи

уреди
  1. Pruyne, John; Jon T. Kilpinen (1996-11-02). „William Morris Davis“. Valparaiso University Department of Geography and Meteorology. Архивирано од изворникот на 2010-08-28. Посетено на 2010-08-18. Davis' contributions cover the separate field of geography, geology, and meteorology.