Вила Алатини
Вилата Алатини (грчки: Βίλλα Αλλατίνι) — барокна зграда која се наоѓа во Солун, Грција. Денеска во објектот се наоѓа седиштето на управата на Централна Македонија.
Вила Алатини Βίλλα Αλλατίνι | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | вила управна зграда |
Град | Солун, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Почната | 19 век |
Зградата е сместена во јужната населба на градот Пиргите, на булеварот „Василиси Олга“.
Објектот бил изграден во 1888 година од италијанскиот архитект Виталијано Позели[1] . Вилата во почетокот била резиденција на семејството Алатини. Во 1909 година по неуспешниот контрапреврат на Абдул Хамид II, султанот бил заточен во Вила Алатини, каде бил во домашен притвор до 1912 година[2]. Во 1926 година во зградата бил сместен новоформираниот Солунски универзитет,[1], а во Втората светска војна вилата е користена како болница[3].
Во 1979 година во зградата била сместена администрацијата на округот Солун[4], додека пак од 2011 година управата на Централна Македонија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Συλλογικό (2014). Thessaloniki: the city and its monuments. Thessaloniki: Μαλλιάρης Παιδεία. стр. 173–174.
- ↑ „Villa Allatini“.
- ↑ „Old Thessaloniki: The villa and the Allatini mills“.
- ↑ „Greek Code for Municipalities and Communities“.