Виктор Канзуров (2 ноември 1971 во Скопје) — македонски новинар со бугарско национално самосознание (бугароман). Познат е по неговите шовинистички ставови околу македонско-бугарскиот однос, како и за заедничката историја со Бугарите, иако е новинар си зема за право да дебатира во полето на историјата и да настапува со омраза кон Македонците, кон Македонија и кон нашите историчари. Често гостува во емисии.

Виктор Канзуров
Роден(а)2 ноември 1971
Скопје,  СР Македонија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар, политички аналитичар

Животопис уреди

Виктор Канзуров е роден на 2 ноември 1971 во Скопје. На 16 годишна возраст дознава за неговото бугарско потекло, откако татко му го учел за бугарските корени на македонскиот народ. Татко му е по потекло од леринското село Пападија, Егејска Македонија, кој се преселил во Скопје во 1968 година[1]. По мајчина линија е од Сетина. Неговиот роднина Георги Канзуров е активист во македонската партија Виножито во Грција.[2] Од 1999 година работи како новинар во македонските весници: „Македонско Дело“, Вечер, Старт, Нова Македонија и интернет изданието Трибуна. После тоа работи како новинар во слободна практика.

Виктор Канзуров бил претседател и еден од основачите на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ. Честопати ја критикува партијата, велејќи дека денешното ВМРО ДПМНЕ е контра теза на она ВМРО ДПМНЕ во 90-тите години. Поради критиките упатени кон србоманството во Македонија е заплашуван и притворуван со измислени обвиненија, уште во времето кога Македонија била дел од СФРЈ. Првиот притвор бил во 1989 година на 18 годишна возраст. При откривањето на спомен бистата на Иван Михајлов во Велес во дворот на куќата на Драги Каров, тој држи говор каде што го критикува тогашниот бугарски министер, одговорен за Бугарите во странство, Божидар Димитров, нарекувајќи го „фурнаџиска лопата“.[3]

Кривична пријава уреди

Во 2008 година, Виктор Канзуров е уапсен во интернет кафе во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, каде вршел задоволување на полови страсти пред публика. Полицијата го привела и му поднела кривична пријава за дело задоволување на полови страсти пред друг. По преземени мерки, извршени разговори и препознавање од страна на една девојка, било констатирано дека осомничениот е сторител на делото.[4][5][6]

Наводи уреди

  1. „Проблемът на Македония не е в името“. EuroChicago.com. 6 април 2010.
  2. „13Ο ΑΝΤΙΡΑΤΣΙΣΤΙΚΟ ΦΕΣΤΙΒΑΛ ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗΣ – СОЛУН 15ο ΑΝΤΙΡΑΤΣΙΣΤΙΚΟ ΦΕΣΤΙΒΑΛ ΑΘΗΝΑΣ“. novazora.gr. 3 август 2010. Архивирано од изворникот на 2010-09-01. Посетено на 2018-08-17.
  3. „Виктор Канзуров: Божидар Димитров е фурнаджийска лопата, в Македония се компрометира“. e-vestnik.bg. 9 март 2010.
  4. „:: Net Press ::“. web.archive.org. 2008-04-24. Архивирано од изворникот на 2008-04-24.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Задоволувал полови страсти пред студенти“. time.mk. 22.04.2008. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Скопјанец се задоволувал пред гости во интернет клуб“. time.mk. 21.04.2008. На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)