Вик (клисура)

клисура во Епир, Грција
(Пренасочено од Викос (кањон))

Вик или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1] Името потекнува од словенскиот поим вик, што се однесува на одекот што се слуша кога некој вика.[2]

Вик / Викос
Φαρράγγι του Βίκου
Поглед на клисурата Вик од Белои
Земја Грција
Регион Епир
Округ Јанина
Општина Загори
Должина 20 км
Ширина до 0,4 км
Длабочина 450 до 1.600 м

Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[3]

Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Вик-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри[4] и Кукули, и завршува во близина на селото Високо (Вицико, Викос).[5]

Низ клисурата тече Водоматица, една од притоките на реката Војуша.

Наводи

уреди
  1. Amanatidou, Despoina (2005). „A case study in Vikos-Aoos National Park – Greece“ (PDF). Универзитет Фрајбург. Посетено на 8 март 2017.
  2. „ΒΙΚΟΣ: ΕΝΑ ΣΥΝΤΟΜΟ ΙΣΤΟΡΙΚΟ ΤΟΥ ΧΩΡΙΟΥ ΜΑΣ“. Βίκος - Ζαγοροχώρια. 24 февруари 2012. Посетено на 15 јуни 2022.
  3. Guinness World Records 2005: Special 50th Anniversary Edition. Guinness World Records. 2004. стр. 52. ISBN 978-1-892051-22-6.
  4. A. Kathareios (Inspector of the 1st educational region of Epirus) Report of Inspection of Zagorochoria in 1913
  5. „Natura 2000 Data Form. Site code: GR2130009“ (PDF). Натура 2000. 2009. стр. 8. Посетено на 8 март 2017.

Надворешни врски

уреди


39°58′10″N 20°43′42″E / 39.969444° СГШ; 20.728333° ИГД / 39.969444; 20.728333