Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 02:11, 22 декември 2012 (CET).
Уредувајќи статии поврзани со литература, случајно наидов на оваа. Не сум ја напишал јас, но гледајќи ја целокупната содржина, концепција и стил, мислам дека заслужува да биде номинирана. Единствена слабост се наводите, но со помош на останатите активни корисници и тој проблем може да се реши. Сега останува да се види мислењето на другите членови околу квалитетот на предложениот текст.
Кандид е француска сатира напишана во 1759 година од Волтер, философ од ерата на просветителството. Преведен на повеќе јазици романот е издаден под повеќе наслови. Тој започнува со младо момче, по име Кандид, во една Рајска градина, поучуван од доктрината на Лајбниц за оптимизмот (или само Оптимизам), од страна на неговиот ментор, Панглос. Делото го опишува ненадејниот престанок на овој начин на живеење, проследен со болно разочарување од страна на Кандид, додека ја доживува сиромаштијата во светот и се соочува со нејзе. Волтер преку Кандид заклучува дека не треба да се прифаќа оптимизмот во потполност, користејќи едно чудно правило, „ние мора да ја обработуваме нашата градина“, наместо Лајбницовата мисла на Панглос, дека „сè е најдобро во најдобриот од сите можни светови“.
Кандид се одликува со саркастичен тон како и со променливоста и фантастичноста на дејствието, кое е во постојано движење. Претставува пикарски роман со слична приказна на посериозен т.н. bildungsroman, исмејувајќи многу авантуристички и романтични клишеа, чии напори се карикирани со саркастичeн тон. Сепак, настаните често се врз основа на историски случувања, како што се Седумгодишната војна и Лисабонскиот земјотрес во 1755 година. Како и философите од времето на Волтер што се натпреварувале со со проблемот на злото, исто така и Кандид безуспешно постапува во овој краток роман, но сепак подиректно и похумористично. Волтер ги исмејува религијата, теолозите, властите, војските, философиите, како и самите философи преку алегорија; најзабележителн го напаѓа Лајбниц и неговиот оптимизам. (Дознајте повеќе...)
Мислам дека се валидни. Како веродостоен извор може да се смета било кое дело коешто е напишано од познат автор и директно потврдува податоци поврзани со делото. Во тој случај, јазикот на којшто е напишан изворот којшто се посочува и не е толку важен. На пример, кога станува збор за уредување на статии за книги, сметам дека како корисни извори може да се користат и аналитичките записи на познати критичари за самото дело. Според тоа, не се грижи во врска со изворите на англиската верзија и слободно употреби ги, доколку навистина постои содржина којашто се појавува и во македонската верзија на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:07, 23 декември 2012 (CET)[одговори]