Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто
Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто

Мамелучки Султанат — држава која владеела со Египет, Левант и Хиџаз (западна Арабија) од средината на 13. до почетокот на 16. век. Султанатот бил управуван од воена каста на мамлуци (војници робови) на чело со султанот, а абасидските калифи биле номинално суверени. Султанатот бил основан со соборувањето на Ајубидската династија во Египет во 1250 година а земјата престанала да постои по војната со Отоманското Царство во 1517 година. Историјата на Мамлуците генерално е поделена на турски или бахриски период (1250-1382) и черкески или бурџиски период (1382-1517), наречен по доминантната етничка припадност или корпус на владејачките Мамлуци во текот на овие соодветни периоди.

Првите владетели на султанатот потекнувале од мамелучките полкови на ајубидскиот султан ас-Салих Ајуб (вл. 1240–1249), узурпирајќи ја власта од неговиот наследник во 1250 година. Мамелуците под султанот Кутуз и Бајбарс ги поразиле Монголите во 1260 година, запирајќи го нивното ширење кон југ. Тие потоа ги освоиле или стекнале власт над сириските кнежевства на Ајубидите. До крајот на 13 век, преку напорите на султаните Бајбарс, Калавун (вл. 1279–1290) и ел-Ашраф Калил (вл. 1290–1293), ги освоиле државите на крстоносците, се прошириле во Макурија (Нубија), Киренаика, Хеџаз и јужна Анадолија. Тогаш султанатот доживеал долг период на стабилност и просперитет за време на третото владеење на ел-Насир Мухамед (владеел 1293–1294, 1299–1309, 1310–1341), пред да отстапи место на внатрешните судири што го карактеризираат наследувањето на неговите синови, кога вистинската власт ја држеле високи емири. (Дознајте повеќе...)