Википедија:Избрана статија/2011/44
Киев е главен и најголем град во Украина, кој се наоѓа во северниот централен дел на земјата на реката Днепар. Населението на градот според пописот од 2001 година е 2.611.300. Сепак, според печатот, денеска овој број е поголем.
Киев претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Градот има висока инфраструктура и високо развииен систем за јавен превоз, вклучувајќи го и Киевското метро.
Името на градост се смета дека потекнува од Киј, еден од трите браќа кои го основале градот. Во текот на својата историја, Киев опстојувал како еден од најстарите градови во Источна Европа. Најверојатно, градот постоел пред 5 век и претставувал трговски центар, како и место кој претставувал трговски град помеѓу Скандинавија и Цариград. Градот бил престолнина на Киевска Русија, за да во 1240 година биде целосно разрушен во времето на монголската инвазија. Во сладните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките на Големото Литванско војводство, Кралството Полска и Руската Империја. (Дознајте повеќе...)