Pearl Jam е американска рок група, создадена во Сиетл во 1990 година. Таа е една од најпопуларните групи во почетокот на 1990-те заедно со Nirvana и Soundgarden. Од самиот почеток, бендот бил формиран од страна на Еди Ведер како водечки вокал и гитара, Џеф Амент како бас гитара, Стоун Госард како ритам гитара и Мајк Мекреди како соло гитара. Тапанарот Мет Камерон член на бендот станал во 1998 година, како тапанар и на Саундгарден. Pearl Jam се префрлиле на актуелната сцена со деби албумот Ten по распаѓањето на претходниот бенд на Амент и Госард –„Mother Love Bone“.

Бендот продал преку 30 милиони плочи во САД и околу 60 милиони насекаде во светот уште од самиот почеток. Pearl Jam траел многу подолго отколку другите бендови од алтернативниот рок пробив во почетокот на 1990-тите години и се смета за еден од највлијателните бендови на декадата. Тие биле критикувани како големи материјалисти на алтернативната рок експанзија како еден од главните бендови во почетокот на 90-тите години. Сепак,со текот на кариерата на бендот, членовите одбивале да се придржуваат на традиционалните практикувања во музичката индустрија и правење на музички записи како и вклучување во објавениот бојкот на Тикетмастер. Ролинг Стоун во 2006 година го опишале бендот како „бенд кој изминатата декада намерно ја уништил својата слава“. (Дознајте повеќе...)