Википедија:Викисело 2024
Викисело 2024 ― издание на проектот Викисело на здружението на граѓани „Викимедија МКД“. Проектот е применет во Општина Демир Хисар.
Опис
уредиПроектот започнал во јуни 2024 година, со првични разговори со луѓето од општината одговорни за туризам, урбанизам, како и со градоначалникот на општината.
Според разговорите со надлежните, како и според посетата на лице место, договорено е да се постават табли на следниве места: една табла во новиот парк што летово се оформува во Демир Хисар на која ќе бидат сите 11 културни наследства на општината, една табла сред село во село Вирово, и поединечни табли на следните религиозни објекти: Слепченски манастир, Топлички манастир, Журчевски манастир и Црква „Св. Димитриј“ - Жван.
Исто така при разговори со надлежните договорено е да добиеме текстови за статии поврзани со општината, меѓу кои и биографии на досегашните градоначалници и некои други значајни лисчности. За неколку објекти кои се прогласени за културно наследство, а за кои нема статии, ниту пак општината не поседува информации, испратено е барање за повеќе информации до Управата за културно наследство, од каде се чека одговор, како и од Теолошки факултет за некои цркви кои се сметаат за локално наследство.
12 јули 2024 година: на Ризницата закачени 72 фотографии; подобрени 5 стати на македонската Википедија, и создадени 2 нови.
26 октомври 2024 година: на Ризницата закачени 73 фотографии; подобрени 5, создадени 7 нови статии.
Создадени статии, нови
уредиПодобрени / надополнети статии
уредиГалерија
уредиКатегорија на Ризницата за овој проект: