Најдо Велјановски - Черга
Најдо Велјановски - Черга ( 1875 - 1941) — македонски комита, револуционер, партизан и социјалист од с. Ракитница, Демир Хисарскиот крај.[1]
Биографија
уредиУште како мал го почувствувал тешкиот и угнетувачки живот, што го свртело кон идејата за слобода и сопствена држава.
Се школувал во Софија, и под менторство на Васил Главинов, заедно со Веле Марков, Никола Карев, Никола Петров Русински и други, ги развивал социјалистичките идеи. Во 1900 година се вратил во Македонија, за да ги шири револуционерните идеи во својот крај. Бил креатор во создавањето на Македонската револуционерна социјалистичка група и бил учесник на Првата и Втората конференција одржани во 1900 и 1901 година во Крушево.
Откако се споила Македонската револуционерна социјалистичка група со ТМОРО во 1901 година, Најдо Велјановски - Черга во март 1901 година се приклучил на четата на Никола Петров Русински во село Бабино, и станал комита.
По конфикт со Јордан Пиперката, Черга ја напуштил четата и се вратил во родното Ракитница. Потоа се приклучил кон четата на Петар Ацев во 1902 година и со него дејствувал во Велешкиот крај до крајот на Илинденското востание.
По задушувањето на Илинденското востание, Најдо Велјановски - Черга живеел на релација Софија, Демир Хисар, Крушево, и во некој момент, гонет од власта, заминал за Романија и оттаму за Русија, каде се запознал со Максим Горки.
Инспириран од Советската Република, во 1920 година Најдо се вратил во Македонија, каде ја формирал Социјалистилката партија со седиште во Крушево.
Под негово раководство во 1941 година била формирана првата партизанска келија во Демир Хисар,[2] но поради болест ги напуштил должностите и во декември 1941 година починал.
Погребан е на селските гробишта во село Ракитница, до гробот на револуционерот Веле Марков.
Наводи
уреди- ↑ Брошура од 2021 година на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија и продолжувачи - Демир Хисар, стр. 12 - 16
- ↑ Во пламенот на вториот Илинден. Демир Хисар: Општински одбор на Сојуз на здруженија на борците во НОВМ од Демир Хисар. 1988. На
|first=
му недостасува|last=
(help)