Демир Хисар во НОБ

Демир Хисар во НОБ се вклучил уште во 1941 година.[1]

Позадина и подготовки за вклучување во оружена борба

уреди

Откако на 18 април 1941 година била потпишана капитулацијата на Кралството Југославија, војската се растурила, и дел од мобилизираните војници од Демир Хисар се вратиле во своите домови, а дел биле заробени во Кичево и испратени во заробеништво.

Потоа следувала бугарската окупација, со четири полициски участоци: во селото Жван, кај Мраморица, и потоа во селата Железнец и Горно Дивјаци. Во сите села биле формирани реквизициони комисии кои од селаните собирале прехранбени и други продукти потребни за бугарските војски.

Во Демирхисарско подготовките за оружена борба ги започнале печалбарите кои се вратиле дома, а во странство биле вклучени во разни форми на работничко движење. Тие ги создале првите илегални партиски келии во Демир Хисар. Во село Ракитница, Најдо Велјановски - Черга ја формирал првата партиска келија.[1] По пример на неа, се формирале келии и во селата: Слоештица, Растовица, Зашле, Брезово, Смилево, Кочиштe и во други места. При формирањето на келијата во Зашле, во месец септември 1941 година, присуствувал и Наум Наумовски - Борче. Кон крајот на месец септември бил формиран и актив на жените, а кон крајот на месец октомври организација на СКОЈ.

Во текот на февруари 1942 година, Киро Фетак бил активен говорник при обиколка на келиите низ Демир Хисар, при тоа ги запознавал членовите на селските келии со военополитичката ситуација на Источниот фронт и на боиштата низ Југославија.[1]

Партизански одреди во реонот

уреди
 
Битолско-преспански НОПО „Даме Груев“

Уште во почеток на март 1942 година започнале подготовките за партизански одред во селата од Демир Хисар и Крушево: се складирало брашно, оружје и муниција.[1] На 16 април 1942 година излегла првата група борци од Крушево како јадро на идниот партизански одред. Привремена база на оваа група бил реонот на крушевското село Бирино. Меѓу другите борци во оваа група биле: Мише Ефтимовски, Наум Наумовски - Борче, Таќи Берберовски, Кочо Миленков, Манчу Матак и Шула Мина.[1]

Свечениот чин на формирањето на Крушевскиот одред бил извршен на 19 јули 1942 година во месноста Грујова Нива, на планината Осој. Во присуство на претставници од Главниот штаб на ПОМ и Покраинскиот оперативен штаб, на одредот му било дадено името Питу Гули. Сите борци од одредот биле вооружени со бојни пушкиод крагуевачките фабрики, имале доволно муниција, рачни бомби за секој борец, како и 3-4 пиштоли. Одредот немал автоматско оружје.

На 6 јули 1942 година на планината Бигла во месноста викана Синодолско Кладенче, во присуство на секретарот на Окружниот комитет на КПЈ во Битола, Стив Наумов, бил формиран Битолско-преспански партизански одред „Даме Груев“. Меѓу другите борци во составот биле: Ѓоре Велкоски - Косте, командант на одредот, од Прилеп, Наум Веслиевски - Овчарот, заменик командант, од селото Златари, Ресенско, Петар Лутовски - Малчик, од село Слепче, Демир Хисар, и други.

Демирхисарските активисти одржувале врски со овие два одреда, во кои имало и борци од Демирхисарскиот реон.

Акции на одредите

уреди

За време на нивното постоење, одредите Даме Груев и Питу Гули извршиле неколку акции, меѓу кои: акција во село Смилево, партизански митинг во селото Прибилци, и други.

Во меѓувреме, биле формирани лажни одреди и шпијунско-разузнавачки групи кои дејствувале во регионот против борците и одредите. Еден од лажните одреди бил предводен од Јани Туфа, чија заслуга била блокадата и фашистичката рација во село Зашле, на 20 август 1942 година, каде куќа по куќа биле пребарувани за да се најдат партизаните, а фашистичката војска и полицијата пустошеле низ селото.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Во пламенот на вториот Илинден. Демир Хисар: Општински одбор на Сојуз на здруженија на борците во НОВМ од Демир Хисар. 1988. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Во пламенот на вториот Илинден. Демир Хисар: Општински одбор на Сојуз на здруженија на борците во НОВМ од Демир Хисар. 1988. стр. 107. На |first= му недостасува |last= (help)