Википедија:Викисело 2023
Викисело 2023 ― третото издание на проектот Викисело на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот ќе биде применет во Вевчани.
Опис
уредиПроектот беше започнат во февруари. Започна со уредување на статии на Википедија на македонски јазик. На 10 февруари беа подобрени шест статии. На 28-ми, уште четири статии беа подобрени додека една беше создадена.
Како мало отстапување, во првата половина на месецот март, напорите за уредување беа направени со галичкото издание од 2021 година. На 6 март беа подобрени пет статии. На 10-ти, две статии беа подобрени. Следниот ден, уште една статија беше подобрена.
На 15-ти март се вративме на главната цел - вевчанските статии. Тој ден беше направен потфат на Википедија на англиски јазик и беа создадени 11 статии и беше подобрена 1 статија.
На 5 и 6 јули теренски беше истражено Вевчани. Од таа посета беа закачени 84 фотографии на Ризницата. На 14 јули беше подобрена една статија на македонската Википедија. На 17 јули беа подобрени 8 статии и беа создадени 2 статии поврзано со вевчанските храмови, исто така на Википедија на македонски јазик. На 18 јули беа создадени 10 статии на Википедија на англиски јазик, статии кои се однесуваат на храмовите.
На 10 декември беше завршено ова проектно издание за 2023 година. На тој ден во Вевчани беа поставени соодветните информатичвни таблички. Сега, спомениците на културата и храмовите се истакнати со QR-кодирани плакети на самото место и преку поголема табла поставена во средиштето на Вевчани, која ја прикажува картата на ова село и нивната местоположба, така што полесно може да бидат најдени.