Википедија:Викисело 2021
Викисело 2021 ― првото издание на проектот Викисело на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот бил применет во Галичник.
Опис
уредиСамото село Галичник е заведено како културно наследство. Според Списокот на културно наследство на Македонија, во Галичник се заведени 60 куќи од кои 31 се преживеани. Собирањето на книжевните материјали започна во мај 2021. Како извори, беа користени делата: Галичка повест (Ристо Бужароски, 1976), Галичка мозаична сознајба (Велимир Граоркоски), Галичник (Ефтим Муратовски, 1997), Галичник и Мијаците (Риста Огњановиќ Лоноски, 2004), Ажиевци (Гапе Галев Ажиевски, 2009), Галичник во мојот колаж (Коста Граоркоски, 2015). Како извори, служеа и личните изјави од познавачи на галичката историја и сопственици на куќите, како и Месната заедница Галичник. Создавањето на статиите за градбите на Википедија на македонски јазик беше сторено во третото тримесечје, додека статиите на Википедија на англиски јазик беа создадени во четвртото тримесечје. Поставување на табличките; вкупно 31, беше изведено на 24 октомври. Во средиштето на селото беше поставено главен информатор со картата на Галичник кој ги покажува местоположбите на куќите.
Опфатени статии
уредиГалерија
уредиНадворешни врски
уреди„Викисело 2021“ на Ризницата ? |