Викентиј Лерински

Викентиј Лерински (латински: Vincentius) (Галија, околу. 400 – непознато, 450) – црковен писател од 5 век.[3] Тој бил монах и автор на раните христијански списи како Комониториумот кој датира од 434 и се смета за вовед во православното учење на христијанството.[4] Се празнува на 24 мај (по стар стил), т.е. 6 јуни (по нов стил)[5].

Викентиј Лерински
Починал(а) ок. 445, Лерински Острови, Римско Царство (денешна Франција)
Почитуван(а) во Католичка црква[1]
Православна црква[2]
Англиканска црква
Слава 24 мај

Животопис

уреди

Викентиј Лерински е роден во Тулуз, Галија[6] во благородничко семејство и се смета дека бил брат на Луп Тројански.[7] Во раниот живот се занимавал со секуларни потраги; не е јасно дали станува збор за цивилни или воени, иако терминот што тој го користел бил, „секуларистичка милиција“. Се замонашил во Леринската опатија на островот Сент-Онора каде под псевдонимот Перегрин го напишал Комониториумот, ок. 434 , околу три години по Третиот вселенски собор.[8][9]

Генадиј Масилијански напишал дека Викентиј умрел за време на владеењето на римскиот цар Теодосиј Втори на Исток и на Валентинијан III на Запад. Затоа, неговата смрт мора да се случила во или пред 450 година. Неговите мошти се зачувани во Лерин.[10]. Цезар Барониј го вклучил неговото име во Римската мартирологија а се одбележува на 24 мај.

Комониториум

уреди

Викентиј го напишал Комониториумот за да обезбеди општо правило за да се разликува католичката вистина од ерес. Позната максима на Викентиј била следнава: „... во самата Католичка црква мора да се води секаква можна грижа, за да ја одржиме верата во која се веруваше насекаде, секогаш, од сите“.[11] Прифатената идеја дека Викентиј бил семипелагијан му се припишува на протестантскиот теолог од 17 век, Гергард Иоган, развиена во 17 век од кардиналот Енрико Норис.[12] ( xxii ) Доказ за семипелагијанството на Викентиј, според Реџиналд Моксон, било дека Викентиј во Комониториумот се изјаснувал против доктрините на Свети Августин.[12] ( xxvii )

Семипелагијанство

уреди

Семипелагијанството било доктрина што ја застапувале монасите во и околу Марсеј во Јужна Галија по 428 година. Имала за цел да биде компромис помеѓу двата екстреми на пелагијанството и августинизам и било осудено како ерес во Вториот совет во Оранж во 529 г. по повеќе од еден век спорови.[13]

Викентиј се сомничел за семипелагијанство, но не е сосем јасно дали ја држел таа доктрина, бидејќи истата не се наоѓа во Комониториумот. Но сепак е извесно дека неговите симпатии биле со оние што ја поддржувале таа доктрина. Со оглед на тоа дека монасите на Леринските острови - како и цело свештенство на Јужна Галија- биле семипелагијанци, не е чудно што Викентиј се сомничел за истото. Викентиј стоел поблизу до источно-православната позиција од денес, која била практично универзална до времето на Августин, и која можеби се толкувала како семипелегијанство од страна на следбениците на Августин.

Викентиј ја поддржувал традицијата и се чинело дека се спротивставува на голем дел од делото на Августин како „нова“ теологија. Во Комониториумот ги навел теолозите и учителите кои, според него, дале значителни придонеси во одбраната и ширењето на Евангелието; тој го изоставил Августин од тој список.

Прашање на академска дебата е дали Викентиј бил авторот на Objectiones Vincentianae, збирка од шеснаесет заклучоци, наводно, произлезени од списите на Августин, кои се изгубени и за нив се знае само низ делото на Проспер Аквитански, Responsiones ad capitula objectionum Vincentianarum. Тоа датира од времето на Комониториумот, а неговите аними се многу слични на делот 70 и 86, со што не е исклучена можноста и двете да биле напишани од истиот автор.[8]

Литература

уреди
  • Томас Г. Гуарино, Викентиј Лерински и развојот на христијанската доктрина. Гранд Рапидс: Бејкер Академик, 2013 година.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 24 May Архивирано на 12 октомври 2011 г.. The Roman Martyrology.
  2. Great Synaxaristes: (грчки) Ὁ Ὅσιος Βικέντιος τῶν Λερίνων. 24 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  3. Ristovski, Blaže. (2009). Makedonska enciklopedija. MANU. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  4. Online, Catholic. „St. Vincent of Lerins - Saints & Angels“. Catholic Online (англиски). Посетено на 2020-08-07.
  5. „Преподобен Викентиј Лерински (V)|juni/06-062“. denovi.mk. Посетено на 2020-08-07.
  6. "St. Vincent of Lérins", St. Vincent of Lérins Orthodox Church, Saskatoon, Saskatchewan
  7. „St. Vincent of Lerins - Saints & Angels“.
  8. 8,0 8,1   Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостGhellinck, Joseph de (1912). „St. Vincent of Lérins“. Во Herbermann, Charles (уред.). Catholic Encyclopedia. 15. Robert Appleton Company.CS1-одржување: ref=harv (link)
  9. „CATHOLIC ENCYCLOPEDIA: St. Vincent of Lerins“. www.newadvent.org. Посетено на 2020-08-07.
  10. Butler, Alban. The Lives or the Fathers, Martyrs and Other Principal Saints, Vol.V, by the Rev. Alban Butler, D. & J. Sadlier, & Company, (1864)
  11. „The Commonitory of Vincent of Lérins“ . A select library of the Nicene and post-Nicene fathers of the Christian Church – преку Викиизвор.
  12. 12,0 12,1   Оваа статија вклучува текст од овој извор, кој е во јавна сопственост: Vincent of Lérins (1915). Moxon, Reginald S. (уред.). Commonitorium of Vincentius of Lerins. Cambridge patristic texts (Latin и English). Cambridge: Cambridge University Press. OCLC 635499104.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) Has good notes.
  13.   Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостPohle, Joseph (1912). „Semipelagianism“. Во Herbermann, Charles (уред.). Catholic Encyclopedia. 13. Robert Appleton Company.CS1-одржување: ref=harv (link)